ЈП „Македонски шуми“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ЈП „Македонски шуми“
Типјавно претпријатие
Oснована15.12.1997
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личностиЖарко Караџоски (генерален директор)
Дејностшумарство
ПроизводиЗаштита, развој и искористување на шумите во Македонија
Приходинепознат
Вработени2,392[1] (2016)
Порталmkdsumi.com.mk

ЈП „Македонски Шуми“ (полно: Јавно претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Република Македонија) е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г. [2], а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.

ЈП „Македонски шуми“ стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. Според форма на одгледување, шумите во Македонија со кои стопанисува ЈП „Македонски шуми“ се високостеблени, на површина од 262.790 ха, или 29% и нискостеблени, на површина од 643.000 ха или 71% од вкупната површина под шуми. Според намената, 92% од шумите се се од стопански карактер, и тие се протегаат на површина од 834.347 ха, 17.617 ха се под заштитни шуми, а 54.036 ха опфаќаат шумите со посебна намена.

Вкупната дрвна маса (волумен) со која што располага ЈП Македонски шуми” изнесува 74.343.000 м³ , со вкупен годишен прираст од 1.800.000 м³. Гледано според единица површина има 179 м³ на хектар, високостеблени, и нискостеблени 42 м³ по хектар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2017. конс. 2018-04-16. 
  2. Службен весник на РМ, бр. 65/97

Надворешни врски[уреди | уреди извор]