ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“
| ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ | |
|---|---|
| Министерство за здравство | |
![]() | |
| Географија | |
| Местоположба | Јасеново, Македонија |
| Координати | 41°31′01″N 21°43′17″E / 41.51694°N 21.72139°E |
| Организација | |
| Финансирање | јавно |
| Вид на болницата | специјална |
| Услуги | |
| Хелидром | не |
| Историја | |
| Основана во | 1948 |
ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ (позната и како: Специјална болница „Јасеново“ или само Болница „Јасеново“) ― здравствена установа сместена на падините на планината Бабуна, во близина на некогашното село Јасеново.
Историја
[уреди | уреди извор]Болницата е основана во 1948 година, откако за само три месеци (март-јуни) била изградена од германски заробеници и првично била наменета за лекување на ранетите борци на Демократската армија на Грција (Македонци и Грци) во текот на Граѓанската војна во Грција.[1]
Во првите три години од основањето (до 1951 година), болницата работела како хируршка, а подоцна започнала да работи како специјална болница за туберкулоза и тогаш имала и над 350 пациенти од цела Македонија и дел од Србија.[1]
Во 1954 година била преименувана во Специјална болница за туберкулоза, а во 1984 година во Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза, со што ѝ се проширува дејноста.[1]
Во периодот 2012-2014 била реновирана со 130 милиони денари.[1]
Особености
[уреди | уреди извор]Болницата поседува 76 легла во три павилјони, како и две посебни соби за пациенти со туберкулоза.[1]
Во болницата функционира менза.[1]
Кадар
[уреди | уреди извор]Во 2019 година, болницата имала пет доктори специјалисти и дваесетина вработени како медицински сестри, болничари и технички кадар.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Патокази до специјалната болница „Јасеново“
