Општа болница - Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општа болница - Кочани
Општа болница - Кочани
Карта
Географија
МестоположбаКочани, Македонија
Координати41°55′03″N 22°24′22″E / 41.91750° СГШ; 22.40611° ИГД / 41.91750; 22.40611Координати: 41°55′03″N 22°24′22″E / 41.91750° СГШ; 22.40611° ИГД / 41.91750; 22.40611
Услуги
Постели149 (2016 година)[1]
Историја
Основана во1924
Врски
СписоциБолници во Македонија

ЈЗУ Општа болница - Кочаниздравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица.[3] Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.[2]

Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар - Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ - Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ - Кочани.[4][5]

Досегашни директори[уреди | уреди извор]

Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:[6]

  • Димитар Димитров (1964-1967)
  • Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970)
  • Антонио Кладорабски (1970-1974)
  • Кирил Апостолов (1974-1982)
  • Мирко Анакиевски (1982-1986)
  • Душан Данев (1986-1991)
  • Владимир Коцев (1991-1995)
  • Душан Данев (1995-1999)
  • Блаже Георгиев (19.01.2000 - 13.04.2001)
  • Михаил Иванов (2001-2002)
  • Александар Серафимов (2002-2006)
  • Миле Николовски (2008-2010)
  • Марија Јорданова (2006-2011)
  • Дејан Апостоловски (2011)
  • Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 - 26.04.2017)
  • Дарко Иванов (26.04.2017 - 04.08.2017)
  • Борка Панова (04.08.2017)
  • Александар Серафимов (2017-)

Особености[уреди | уреди извор]

Болницата има на располагање 7,796 м2 во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м2 за специјалистичко-советодавни услуги.

Кадар[уреди | уреди извор]

Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).

Одделенија[уреди | уреди извор]

Детското и интерното одделение.

Согласно средината на 2010-тите, во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 120 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија:[7]

  • интерно одделение;
  • САРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца;
  • детско одделение;
  • хируршко одделение;
  • невро-психијатриско одделение;
  • хемодијализа

Во болницата се нудат и специјалистичко-советодавни услуги во:[7]

  • очна амбуланта;
  • амбуланта за кожни болести;
  • стоматолошка амбуланта;
  • амбуланта за инфективни болести;
  • одделението за трансфузиологија и обезбедување на крв и крвни деривати;
  • биохемиска лабораторија;
  • одделот за радиолошка дијагностика;
  • одделот за физикална терапија и рехабилитација.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мрежа на болнички здравствени установи во Република Македонија во 2016 година“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-02-27. Посетено на 2018-10-29.
  2. 2,0 2,1 „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот 2016-10-19. Посетено на 27 септември 2023.
  3. Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија за Кочани, издавач: Општина Кочани, декември 2003, стр. 246, ISBN 9989-57-220-8
  4. Мартин Ефремовски (1 јули 2023). „Каталог: III биенале на македонската архитектура – БИМАС / 1985 година“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  5. Александра (2 ноември 2012). „Објект на болницата во Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2020-08-15. Посетено на 21 септември 2023.
  6. „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот 2022-01-29. Посетено на 27 септември 2023.
  7. 7,0 7,1 „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот 2017-01-14. Посетено на 27 септември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]