ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп

Координати: 41°20′32″N 21°33′47″E / 41.34222° СГШ; 21.56306° ИГД / 41.34222; 21.56306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Болница „Борка Талески“
Карта
Географија
МестоположбаПрилеп, Македонија
Координати41°20′32″N 21°33′47″E / 41.34222° СГШ; 21.56306° ИГД / 41.34222; 21.56306
Услуги
Постели340[1]
Историја
Основана во1980
Врски
СписоциБолници во Македонија

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп е јавна здравствена установа, произлезена со формалната поделба на Медицинскиот центар Прилеп на 05.07.2005 година, со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Колективен договор, Статут и други општински акти. Основач на болницата е Владата на Република Македонија.

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп располага со високостручен и квалитетен лекарски кадар кој во својата работа е поддржан од висок, виш и средномедицински персонал со големо искуство. Административно-техничкиот персонал, организационата поставеност и функционирањето на информатичкиот болнички систем претставуваат одлична логистичка поддршка за здравствениот кадар и се од големо значење за непречено функционирање на установата.

Услугите на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп најчесто ги користат пациенти од општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени со околу 120.000 жители. Болницата располага со 407 болнички постели, или 3.5 постели на 1000 жители. Бројот на годишно прегледани пациенти изнесува над 175.000, со преку 12.000 хоспитализирани болни, Просечниот број на болнички денови по пациент изнесува 6 дена, а во 2006 година имаше 1200 породувања.

Болничката зграда е изградена во 1980 г. Вкупната корисна површина на болницата изнесува 19.440м2, од кои 17.890м2 опфаќа стационарниот дел, а 1550м2 отпаѓаат на специјалистичко-консултативните служби (амбуланти).

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп го осигурува третманот на сите заболувања со специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, вклучувајќи медикаментозен, хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација, како и продолжено болничко лекување и тоа:

  • Инфективни и паразитски заболувања
  • Неоплазми
  • Болести на крвта и крвотворните органи
  • Нутритивни и метаболитички заболувања
  • Душевни растројства
  • Болести на нервниот систем
  • Болести на окото и аднексите
  • Болести на увото и мастоидните израстоци
  • Болести на циркулаторниот систем
  • Болести на респираторниот систем
  • Болести на дигестивниот систем
  • Болести на кожата и поткожното ткиво
  • Болести на мускулоскелетниот систем и сврзното ткиво
  • Болести на генитоуринарниот систем
  • Бременост, породување и пуерпериум
  • Состојби што настануваат во перинаталниот период
  • Вродени малформации, деформации и хромозомопатии
  • Симптоми, знаци и ненормални клинички состојби
  • Повреди и труења
  • Други фактори кои влијаат на здравствената состојба

Нашата мисија[уреди | уреди извор]

Да служиме на заедницата како центар за медицина кој обезбедува квалитетна здравствена услуга на населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и посетителите на овој регион. Почитувајќи ја медицинската традиција, тежнееме да станеме центар на медицината во регионот за превентива, лекување и едукација на здравствените работници.

Прием во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп[уреди | уреди извор]

При доаѓање на лекување или преглед во болницата задолжително носете здравствена книшка специјалстички или болнички упат од вашиот матичен лекар сини картони (доказ за здравствено осигурување) резултати од извршени лабораториски резултати, рендгенски снимки и други испитувања документација од последната хоспитализација или специјалистички преглед предмети за ична хигиена (сапун, четка и паста за заби...) Во договор со медицинскиот персонал од одделението каде што ќе бидете примени можете да донесете наметка, пижами, крпа, влечки или други предмети.

Прием на итен случај[уреди | уреди извор]

Ќе бидете примени и без упат, но пожелно е во најкраток временски рок да донесете: историја на болеста, односно целата Ваша постоечка медицинска документација лекови кои во моментот ги земате мала сума на пари за плаќање на болничките трошоци Личност во придружба секогаш е добредојдена!

Испишување од ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп[уреди | уреди извор]

Заминувањето и испишувањето од болницата секогаш е планирано од страна на одделенскиот лекар, при што навреме ќе биде известен пациентот и неговото семејство. Медицинскиот персонал каде се лекува дава јасни насоки во врска со заминувањето од болницата:

  • Каде и кога ќе ја добие отпусната листа која треба да се предаде на матичниот лекар
  • Pрепораки за евентуално потребната диета, продолжување на лекувањето и контролни прегледи
  • Ако поради прибирање на некои дополнителни испитувања не е возможно да се заврши отпусната листа, се подигнува подоцна од одделот на кој се лекувал.

Ако на крајот од болничкото лекување и поради состојбата не побарал да се смести во некоја установа, дома за стари лица или некоја установа за нега, во тој случај на пациентот ќе му помогне Служба за социјална работа. Родителите или старателите на малолетен пациент до 18 годишна возраст, треба да бидат присутни при неговото испишување од болница.

Организациона структура ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп[уреди | уреди извор]

Одделение за гинекологија и акушерство[уреди | уреди извор]

Во рамките на одделението се спроведуваат амбулантски услуги, се вршат амбулантски гинеколошки интервенции, ЕХО дијагностика, ЦТГ дијагностика, амниоскопија, брисеви, ПАП тестови, артефициелни абортуси, киретажи и МСГ инстилации. Оперативно во ова одделение се реализира завршување на раѓање (царски рез), се води породување, се врши згрижување на повреди при нормални и инструментално завршени раѓања. Се спроведуваат сите оперативни зафати на аднексите, утерус, вагина, цервикс. На одделот за гинекологија со акушерство се вработени 5 лекари специјалисти гинеколози, 1 специјализант, како и солиден тим на медицински сестри и негувателки.

Одделение за неонатологија[уреди | уреди извор]

Одделот за неонатологија врши постојан интензивен надзор над штотуку родените деца, кои во поголем број се сместени покрај мајките во одделот за акушерство, следејќи ги најсовремените препораки и стандарди на Светската здравствена организација. Искусниот тим на лекари специјалисти (4) и образовани сестри (10) во редовна визита се во блиска соработка со одделот за детски болести кои овозможуваат оптимална здравствена заштита над новороденчето.

Одделенски се реализираат низа рутински процедури: ЕХО дијагностика, скрининг на хипотиреоза и фенилкетонурија, фототерапија, вакцинација за БСГ и Б-хепатит.

Одделение за анестезија и реаниматологија[уреди | уреди извор]

Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при општата болница „Борка Талески“ Прилеп дава анестезиолошки услуги на сите оперативни оддели во болницата, при што се изведуваат сите видови на општа анестезија и регионални анестезии, епидурална аналгезија. Единицата за интензивно лекување располага со 6 болнички кревети каде работат 9 лекари анестезиолози. Оваа единица е наменета за интензивно лекување, стабилизирање на виталните функции и ги опфаќа витално загрозените пациенти од различните возрасни категории. Таа е централна единица за целата установа наменета за надзор и лекување на пациентите по оперативен зафат, политрауматизирани пациенти, пациенти со невротрауми, пациенти со изгореници, како и пациенти со знаци на затајување на животните функции.

Одделение за хируршки болести[уреди | уреди извор]

Ова одделение се состои од специјалстичко-консултативна амбуланта со кабинет за ендоскопија и кабинет за гастроскопија и колоноскопија, болнички отсек, отсек урологија и операциони сали. Одделението располага со 48 кревети. На одделот работат 10 хирурзи, 2 уролози и 1 лекар на специјализација. Во 2 современи операциони сали во општа и локална анестезија се изведуваат најразлични оперативни зафати на граден кош, дојка, класична и ендоскопска хирургија на дигестивниот тракт и жолчно кесе, операции на кила, ТУР на тумори на мочен меур и простата, ректоскопија, цистоскопија, биопсија на мочен меур и простата. Годишно во просек болнички се лекуваат преку 1400 пациенти.

Хируршката амбуланта секојдневно спроведува општи хируршки прегледи, ЕХО дијагностика, ректоскопии, цистоскопии, хируршки биопсии.

Одделение за ортопедија и трауматологија[уреди | уреди извор]

Во одделението за ортопедија и трауматологија работат 5 специјалисти ортопеди трауматолози,како и останат медицински персонал целосно посветен на потребите на пациентите. Овој оддел пружа здравствена заштита на подрачјето на општина Прилеп, како и соседните општини на кои нема организирани ортопедски услуги.

Одделот располага со 24 кревети и годишно просечно се лекуваат околу 750 пациенти и се извршуваат преку 550 оперативни зафати. Секојдневно лекарите од ортопедско-трауматолошкото одделение реализираат згрижување на рани на екстремитетите, остеосинтези на скршеници, тотални и субтотални ендопротези на колк, артроскопии, ампутации, отстранување на некои тумори, репозиции на скршеници, артродези. Ортопедската амбуланта работи секојдневно и во текот на една година се прегледуваат преку 20.000 пациенти. Во амбулантата за детска ортопедија со кабинет за ехотомографија редовно се врши и ехо дијагностика на детски колкови.

Одделение за уво,нос и грло[уреди | уреди извор]

Во ова одделение работат два ОРЛ специјалисти, а одделението располага со 20 кревети. Се состои од амбуланта со отсек за аудиологија, болнички оддел и операциона сала.

Во специјалистичко – консултативната амбуланта, покрај редовните прегледи кои годишно се околу 11.000, се изведува и аудиомериска дијагностика на слушната функција. На одделот се изведуваат амбулантски интервенции, а постои и дневна болница во која пациентите секојдневно доаѓаат и примаат редовна терапија, се прават преврски, се изведуваат инхалации и блокади. Најчести интервенции-оперативни зафати кои се изведуваат на одделението се: вадење на тонзили(крајници) со општа и локална анестезија, септопластика на крива носна преграда, полипи од нос, операција на параназални синуси, карциноми. Најчести амбулантски операции кои се изведуваат на одделението се: екстирпација на карциноми, епителиоми, веруки на носот, лицето и увото, репозиции на носот, сутури, екстирпација на атероми на носот и увото, пластично-реконструктивна хирургија на клемпави уши.

Одделение за очни болести[уреди | уреди извор]

На ова одделение работат 6 лекари специјалисти-офталмолози. Одделението се состои од болнички отсек, операциона сала, специјалистичко-консултативна амбуланта и отсек за ортоптика. Болничкиот отсек располага со 27 кревети. Во очното одделение годишно се прегледуваат преки 13.000 пациенти од Прилеп, Крушево, Македонски Брод. Амбулантно редовно се извршуваат општи офталмолошки прегледи, периметрија, биомикроскопија, тономерија, сондирање и промивка на солзните канали.

Најчести оперативни зафати кои се изведуваат на очното одделение се: операција на перде со и без вградување на леќа, операција на страбизам, оперативни зафати на глауком (покачен очен притисок), операција на солзни патишта и солзно кесе, оперативни зафати при повреди на окото од туѓо тело, операции на помошен очен апарат. Во кабинетот за ортоптика секојдневно се врши дијагностика и терапија на страбизам.

Одделение за интерни болести[уреди | уреди извор]

Во одделението работат 13 лекари специјалисти и останат искусен и посветен персонал, а располага со 69 болнички кревети. Одделението е поделено на болнички отсек, отсек за кардиологија со коронарна единица, отсек за нефрологија со центар за хемодијализа, отсек специјалистичко-консултативна амбуланта о клиничка дијагностика и отсек за пнеумофтизиолошки заболувања.

Амбулантски во интерното одделение годишно се лекуваат повеќе од 17.000 пациенти, а бројот на лежечки болни просечно годишно изнесува преку 2500. Секојдневно амбулантски се изведува функционална кардиолошка процена: ЕКГ прегледи, холтер дијагностика на крвен притисок, коронарен стрес тест, ехокардиографија; прегледи на дијабетичари, спирометрија, гастроскопија, ЕХо прегледи на абдомен, уринарен систем, алерголошки тестирања, ендокринолошки и ревматолошки прегледи. Во одделението за потребите на лежечките пациенти, како и на оние пациенти кои ги користат услугите на дневната болница се спроведуваат низа современи терапевтски процедури: инхалациона терапија, аспирација, дефибрилација, електрокардиоверзија, детоксикација, реанимација.

Одделение за детски болести[уреди | уреди извор]

Детското одделние постои повеќе од четири децении. Во одделението работата 4 педијатри, а на расплагање се 33 болнички кревети и 9 кревети за мајки кои се сместени во посебна просторија. Просечно годишно во ова одделние се лекуваат околу 1700-2000 пациенти. Во склоп на одделението работи специјалистичко-консултативна амбуланта со здравствена единица за пулмологија и алергологија, а секојдневно се изведуваат ЕКГ прегледи, ехокардиографија, како и алерголошки кутани тестови. Амбулантски годишно се прегледуваат околу 10.000 пациенти. Во одделението функционира дневната болница во која се вршат ситни интервенции и рехидрирање на полесно болните деца, аспирации, инхалации, се изведува фототерапија, трахеални аспирати, физикален третман на пулмолошки болни. За време на престојот на одделението болните деца го поминуваат времето во цртање, читање, гледање телевизија заедно со негувателките кои им помагаат полесно да ги поминат болничките денови и отсуството на најблиските.

Одделение за невролошки и психијатриски болести[уреди | уреди извор]

Одделението располага со 39 болнички кревети, а работат 3 лекари невропсихијатари, 3 психијатри, 2 невролози, 2 специјалисти по медицинска психологија, како и останат медицински персонал. Во стационарниот дел на одделението годишно се лекуваат околу 1200 пациенти, а во специјалистичко-консултативна амбуланта просечно годишно се прегледуваат преку 12.000 пациенти. На невропсихијатрискиот оддел се врши дијагностичка проценка на состојбата и консултација, поединечна психотераписка работа со деца и адолесценти, работа со семејства чии деца имаат одредено пореметување, лекување, интензивна нега и физикална рехабилитација на цереброваскуларни болести, лекување и дијагностика на епилептички напади со помош на ЕЕГ, како и сите невролошки заболувања.

Одделение за инфективни болести[уреди | уреди извор]

Во оваа одделение работат 5 специјалисти инфектолози и 8 медицински сестри. Самата зграда во кој е сместен овој оддел е посебно адаптирана за лекување за сите воспалителни и контагиозни болести, со можност за изолација на пациентот.Просечно годишно низ специјалистичко-консултативно амбуланти поминуваат преку 4500 пацинети, а преку 700 пациенти се лекуваат болнички. Инфективно одделение врши специјалистичко-консултативни прегледи, а во имунолошката лабораторија во склоп на одделението се спроведуваат имунолошки испитувања за анти ХИВ(сида), HBsAg, HCV, советување за ХИВ, лумбални пункции.

Одделение за физикална медицина и рехабилитација[уреди | уреди извор]

Во него работат 4 лекари, 11 физиотерапевти и 3 медицински сестри, а годишно се прегледуваат и третираат преку 5.000 пациенти. Во одделението за физикална медицина и рехабилитација секојдневно се реализираат амбулантски интервенции со употреба на апарати за електротерапија, термотерапиија со парафинотерапија и криотерапија, магнетотерапија, ултразвучна терапија. Службата спроведува третман на сколиози и други деформитети во детска возраст, кинезитерапија, мануелна масажа, како и третман на контрактури. Во поновиот период оваа служба почна да врши домашна посета и терапија на тешко подвижни или неподвижни паценти.

Одделение за радиологија и ултра звук[уреди | уреди извор]

Во ова одделение работат 2 лекари специјалисти радиолози, 12 специјализант, 10 виши радиолошки технолози и останат медицински персонал. Одделението реализира голем број на РТГ и ултразвучни дијагностички иследувања, кој се движи во рамкте на 25.000 прегледи годишно. На одделението се изведуваат сите рутински и контрасни РТГ иследувања на абдомен, желудник и дванаесетпалечно црево, снимања на жолчно кесе и канали, пасажа на цревата, дебело црево, мочни патишта и бешика. Секојдневно во службата се прави РТГ на граден кош, срце и бели дробови, класична томографија. Сужбата изведува и ултразвучна дијагностика на абдомен, урнарен тракт, дојки, невросонографија како за болнички, така и за пациенти кои се упатени од специјалистичко-консултативните амбуланти во рамките на општата болница.

Одделение за трансфузиологија[уреди | уреди извор]

Во одделот работат 4 лекари специјалисти трансфузиолози. Годишно низ трансфузиолошката специјалистичко-консултативна амбуланта поминуваат преку 7.000 пациенти каде се врши контрола на антикоагуантната и фибринолитичка терапија. Одделот реализира организација, планирање и пропагирање на крводарителство. Секојдневно се прават имунохематолошки анализи на возачи и бремени жени, основни коагулациони тестови, конзервирање и чување на човечка крв, подготвување на крв, крвни производи, конзервирана крв и криопреципитати. Покрај тоа, се врши и контрола на крвта на трансмисивни заболувања: анти HIV, HCV, HBsAg.

Оддел клиничко-биохемиска лабораторија[уреди | уреди извор]

Во клиничко-биохемиската лабораторија работат 1 лекар специјалист биохемичар, 2 специјалисти фармацевти и 16 лаборанти. Службата располага со современа опрема која овозможува голем број на анализи и биохемиски испитувања. Годишно оваа служба реализира преку 300.000 биохемиски и хематолошки анализи, при што редовно се анализираат: основен хематолошки статус, уринарен статус, ензиматски анализи, липиден, глуциде, белковински, електролите и ацидобазен статус. Покрај овие иследувања болничката клиничко-биохемиска лабораторија работи и хормонски испитувања, тумор маркери, најсовремени алерголошки испитувања, како и белковинодеградациони производи. Со целиот свој дијапазон на работа, оваа служба претставува база на чии резултати и податоци во својата секојдневна работа се потпираат не само лекарите специјалисти вработени во Општата болница, туку и голем број на матични лекари од Прилеп и околината.

Служба за патологија и цитологија[уреди | уреди извор]

Во овој оддел работат 2 лекари специјалисти по патолошка анатомија. Се врши патохистолошка анализа на оперативни и биоптички материја од хируршките служби во општата болница Прилеп, се спроведуваат цитолошки анализи на ПАП брисеви, ткивни течности, а се изведува и тенко иглена аспирациона биопсија на простата. Во службата по потреба се работи и клиничка обдукција.

Одделение за дерматовенерологија[уреди | уреди извор]

Работата ја извршуваат 2 лекари специјалисти дерматовенеролози, кои работат две смени секој ден. Во овој оддел се врши дерматолошки и венеролошки преглед, криотерапија со течен азот, дермоскопија, електрокаутеризација, земање на кожна биопсија, микроскопска микролошка дијагностика, брис од уретра за дијагноза на гонококна инфекција, експресија на молуски и комедони, преврски.

Одделение замаксилофацијална и стомато хирургија[уреди | уреди извор]

Во оваа одделение работат 3 лекари специјалисти по максилофацијална и орална хирургија. Во одделението се изведуваат операции на вилици, заби, лице, дел од врат и глава. Лекарите од одделението се занимаваат и со трауматологија на максилофацијалното подрачје, се реализира хирургија на тумори, пластична и реконструктивна хирургија на максилофацијалното подрачје, како и стоматохируршки интервенции.

Депо за лекови со галенска лабораторија и инфузионо одделение[уреди | уреди извор]

Во оваа служба се вработени 3 специјалисти по фармација и останат медицински персонал. Службата врши прием, селекција и дистрибуција на голем број лекови и потрошен медицински и санитетски материјал, како и израбтка на магистрални препарати, капки за очи и инфузиони раствори, при што редовно се врши испитување и контрола на нивниот квалитет. Доброто функционирање и снабдување на сите одделенија и служби со со лекови и потрошен медицински и санитетски материјал се должи на тесната соработка меѓу фармацевтите вработени во депото за лекови и лекарите во општата болница.

Медицински персонал[уреди | уреди извор]

Најважниот контакт ќе го имате со лекарот кој ќе ве лечи и со медицинските сестри кои ќе спроведуваат медицинска нега. Лекарот одредува начин и процедура на Ваше лекување. Своите желби, потреби и предлози пренесете ги на визита, или пак на медицинската сестра. При евентуални испитувања, секогаш ќе ве придружува лице врабтено во болницата.

Ве молиме пред некои медицински оперативни третмани, да ги предадете своите пари или вредни предмети на одделенската медицинска сестра на чување. Таа сето тоа ќе го запише во документацијата за да можете да си го подигнете кога ќе заврши вашиот престој во болницата. За пациентите кои се примаат за лекување во бессознание и без придружба на членови од семејството, вработените во болницата ќе ги запишат сите вредни работи и пари и ќе ги предадат на одговорната сестра на одделот на кој пациентот се лекува.

Дневен распоред во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп[уреди | уреди извор]

Болничкиот ден и работниот ден на вработените се одвива со мали отстапки по следниот распоред:

  • Од 08:00-08:30 службени предавање од ноќна на утринска смена
  • Од 08:30-16:00 бега на пациентот, појадок, утринска визита, лабораториски испитувања, прегледи, операции, терапевски постапки, прегледи во специјалистички амбулант, ручек и пладневен одмор.
  • Од 13:30-14:30 и 18:30-19:30 посета на пациентите(посетите надвор од наведеното време се можни само со писмена дозвола од лекарот од одделот).
  • Од 15:30-16:00 службено предавање на попладневната дополнителна смена
  • Од 15:30-21:00 попладневна визита, нега на болниот, вечера
  • Од 21:00-08:00 ноќно дежурство, ноќен одмор

Храна и лекови[уреди | уреди извор]

Диетата е важен дел од лекуањето на болниот. Видот на диетата и препораката за храна која треба да ја конзумира болниот ја одредува неговиот лекар. За правилна поделба и сервирање на храната е одговорна главната медицинска сестра или сестрата во смена на одделот. За време на престојот во болница треба да се земаат само оние лекови кои ги препишал одделенскиот лекар. При евентуална употреба на други лекови претходно, се известува лекарот.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]