ЈЗУ Здравствен Дом - Неготино

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интегрирана Јавна здравствена установа, Здравствен дом Неготино има 112 вработени. Обезбедува единство на итна, превентивна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита на населението на Општина Неготино ,Општина Демир Капија и пошироко.

Здравствен Дом Неготино денес[уреди | уреди извор]

Денеска како интегрирана Јавна здравствена установа, Здравствен дом Неготино со 112 вработени, обезбедува единство на итна, превентивна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита на населението на Општина Неготино ,Општина Демир Капија и пошироко.

Организацијата на работата на Домот се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствената заштита, како и на медицината заснована врз докази.

Домот на подрачјето на кое е основан обезбедува вршење на:

  • итна медицинска помош со домашно лекување
  • превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 годишна возраст
  • превентивна стоматолошка здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
  • поливалентна патронажа
  • специјалистичко-консултативна дејност
  • снабдување со лекови и помошни медицински материјали за вршење на наведените дејности во Домот – Депо за лекови

Основната цел на внатрешната организација е унапредување на квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита на населението, во согласност со реформските процеси во здравствениот сектор, зголемување на економичноста и ослободување на ресурсите кои може да се користат за воведување на нови форми и технологии во здравствената заштита. Сето тоа е засновано врз современ менаџмент ( планирање, раководење и управување) комплементарен со концептот на организирање и управување во здравствениот систем на државата каде што е постигнат степен на целосна, континуирана, квалитетна, ефикасна и рационална превентивна и консултативно-специјалистичка здравствена заштита.

Со помош на континуираната медицинска едукација и континуираниот професионален развој преку стандардите за добра медицинска практика и со воведените соодветни економски и финансијски инструменти, се тежнее кон поголем степен на квалитетот на здравствените услуги.

Целта на новата здравствена политика е чување и унапредување на здравјето, продолжување на траењето и подобрување на квалитетот на живеење на поединецот и на вкупната популација.

При укажување на здравствената заштита, здравствените работници, се должни да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинство, да се придржуваат на медицинската етика и медицинската доктрина, да ја чуваат професионалната тајна, кое се однесува и на останатите вработени кои користат медицинска документација.

Корисниците на здравствените услуги во Домот имаат обврска да го почитуваат кукниот ред на Домот, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Домот, како и да имаат право на приговор во врска со остварувањето на правата на здравствена заштита.

Здравствениот дом останува функционална целина во обезбедување на превентивната и на специјалистичко-консултативната здравствена заштита.

Одделенија при Здравствен Дом Неготино[уреди | уреди извор]

Во состав на ЈЗУ Здравствен Дом - Неготино, денес функционираат следните одделенија:

  • Итна медицинска помош
  • Интерна медицина
  • Дерматологија
  • Офталмологија
  • Оториноларингологија
  • Рентген дијагностика
  • Психијатрија
  • Невропсихијатрија
  • Превентивна стоматолошка здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
  • Превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
  • Физикална медицина
  • Лабораторија
  • Поливалентна патронажа
  • Депо за лекови

Служби при Здравствен Дом Неготино[уреди | уреди извор]

Во состав на ЈЗУ Здравствен Дом - Неготино, работат следните служби:

  • Административно-правно, кадрово и општо техничко работење
  • Економско финансиски работи

Историјат[уреди | уреди извор]

Во 1957 г., во Неготино, во објектот наречен „Стара Попова Куќа“ се формира и започнува со работа Здравствена станица во чиј состав влегувале следните организациони единици:

  • општа амбуланта
  • детски диспанзер
  • породилиште
  • хигиено - епидемиолошко одделение
  • администрација

Станицата располага со 8 простории и со следниот кадар:

Кадар Бр.
 доктори на медицина      2
 мед.сестри акушерки      3
 мед.сестри      2
 хигиеничари      3
 аптекартски помошник      1
 администрација      3
 чистачки      2

Во 1958/59 година станицата се преселува во нова зграда во која се располага со:

  • амбуланта за општи прегледи
  • детски диспанзер
  • забна амбуланта
  • заботехничка лабораторија
  • советувалиште за трудници
  • лабораторија
  • хигиено-техничка служба
  • картотеки
  • управа и техничка служба
  • породилиште со приемна соба за трудници, породилна сала, соба за новороденчиња, соба за родилки, дежурна соба за лекарот и кујна со магацински простор

Во 1963 година Здравствената станица Неготино, здравствената станица Демир Капија и Градската аптека се спојуваат и го формираат денешниот Здравствен дом во чиј состав влегуваат и Здравствените пунктови во селата Пепелиште, Криволак, Дуброво, Долни Дисан и Стопанството Црвени Брегови. Во тоа време во Здравствениот дом има 37 вработени:

Вработени Бр.
 лекари      3
 стоматолози      1
 фармацевти      1
 медицински сестри      3
 акушерки бабици      3
 лаборант      1
 хигиеничар      3
 помошен аптекар      2
 административно-технички персонал    15

Во 1976 г. функционирањето на Здравствениот дом е преку формираните служби:

  • служба за детска заштита со прифатилиште
  • служба за заштита на жената со родилен дом
  • служба за општа пракса со прифатилиште
  • ХЕ служба
  • АТ служба
  • РТГ кабинет и лабораторија
  • забоздравтвена служба
  • аптекарска служба
  • заедничка служба, со вкупно 100 вработени, од кои:
Кадар Бр.
 лекари специјалисти      2
 лекар на специјализација      1
 лекари општа пракса      8
 стоматолози      2
 фармацевти      2
 средно медицински персонал    50

Останатиот персонал е административен и технички.

Истата година во Демир Капија е пуштен во употреба новиот објект во кој до денеска работи Здравствената станица, а во нејзин состав влегува и аптеката.

Во 1981 г. Здравствениот дом „Неготино“ започнува да работи во нов објект во кој работи и денес, со површина од околу 4.000 м2.

Во 1986 г. бројот на вработени е 180 од кои 126 се здравствени работници. Во 1986 година пуштена е во употреба новата градска аптека со околу 400м2 корисна површина. Постојано се подобруваат условите за пружање на здравствена заштита и на село, со реновирање и изградба на нови објекти во селата: Долни Дисан, Прждево, Пепелиште, Криволак, Тремник и Тимјаник. Од 1986 година до денес бројот на вработените во Здравствениот дом се менува, а најголем број достигнува во 1990 година кога во домот има 205 вработени. Во овој период се проширува дејноста на домот со формирање на нови специјалистичко-консултативни служби и со зголемување на бројот на специјалисти.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

http://www.zdnegotino.org.mk Архивирано на 26 април 2016 г.