Ѕидање на сонцето

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѕидање на сонцето е роман на Гордана Јовиќ-Стојковска, кој е објавен 2011 година, во издание на Издавачки центар Слово љубве од Скопје.

Содржина[уреди | уреди извор]

Ѕидање на сонцето е роман сместен во неколку минути на граничен премин меѓу Косово и Метохија и Македонија. Всушност во тие неколку минути главниот лик на романот Јана ја изнесува сета бизарност, ужас, трагедија, апсурд и безумност на војната.

Романот содржи 21 глава, со тоа што првата глава е нултна (0), таа зборува за создавање на светот, бескраен простор сплотен со хармонија што создава совршен ѕвук, музика за бескрајни, убави дела. Но, како што бива, една нитка, една грешка и се тргнува наопаку и остава непоправлива трага што ќе создаде пат кон пукнатини кпи ќе ја диктираат понатамошна судбина на човештвото. Но надеж останува, во оние ретки што светлината ја носат во својот код. Романот говори за двајцата што имаат шанса, што во себе ја содржат таа древна нитка. Се наоѓаат и се препоѕнаваат, кога нивната љубов достигнува кулминација ѕапочнува апојалипса која во 1999 годуна ја доживува Србија изложена на безмилосно бомбардирање од страна на НАТО алијанса.

Во епицентрално подрачје на хаосот, во Приштина, тој во клиника во која работи, таа во својата обвивка на неверување и неразбирање ги преживуваат тие денови. Но, кога навидум се појавува надеж за спокој и враќање во некаква нормала, по потпишување на мировен договор, тој исчезнува, а таа предвремено го раѓа детето. Во романот недостасува десетто поглавје, авторката го прескокнува свесно, поради сукуна на грди, крвави спомени, или можеби со можност да некогаш. кога чувства и болкат ќе стивнат, одново проговори „трезно“ за преживеаното.

Чинот на раѓање на нивната ќерка е опишан со слоумошн техника: помнам - не помнам, во кој како спротивност на сета омраза што се насетува меѓу завојуваните, меѓу расличните, светнува еден етичли, еден родов баланс. Две бремени жени (од две спротиставени страни) се препоѕнаваат како вредност, како иднина, како идни мајки.

Следат поглавја на страв, неизвесност, во обиди да се дознае, да се пронајде исчезнатиот. Безнадеж, губење на верба, соголување на сета нечовечност и бизарност во која човековиот живот е помалку вреден од една пијачка, од една цигара. Во тоа талкање, Јана ќе го сретне Франсоа, Французот кој со своја лична трагедија исто така истражува, копа по вистината. Сосема рационално (а можеби и импулсивно како бегање од сопствено црнило, со наум да не се пренесе и на нејзиното дете) таа одбира да биде со него, да замине од простор во кој со години ве може да пронајде трага, да дојде до проста вистина, во време кога сè се знае, снима, пронаоѓа. каде се посмртни остатоци, како завршил нејзиниот човек.

Ликови[уреди | уреди извор]

Други дела на авторот[уреди | уреди извор]

Романи

  • … - фрагментарни роман, Култура, Скопје 1994;
  • Боја на безвремето – роман, Штрк, Скопје1996;
  • Последниот таласон – роман, Три, Скопје2003;
  • Тајна на тринаесеттиот знак – роман, Три, Скопје 2006;
  • Очи пуне чипке – роман, УСЗМ, Скопје 2008;
  • Ѕидање на сонцето - роман, 2011.

'Раскази“

  • Сонкобија –раскази, Студентски збор, Скопје 1991;

Поезија

  • Noctambulissmus – поезија, Куманово1988;
  • Помеѓу – поезија, Студентски збор, Скопје 1990;
  • Мостување – поема, Нушиќ, Скопје1999;

Речници

  • Речник на јужнословенска митологија, Три, Скопје 2004;

Наводи[уреди | уреди извор]