Прејди на содржината

Ѕидарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѕидар нанесува малтер на завршен ред блокови пред да го постави следниот ред.

Ѕидарство или ѕидарија[1]градежна дејност што вклучува редење на блокови или камења во одреден распоред, најчесто поврзани заедно со малтер, леплив состав или паста.[2][3] Стручњакот што се занимава со ѕидање, со градење куќи, згради и др. се нарекува ѕидар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ѕидарството е меѓу најстарите градежни техники во светот. Примери вклучуваат египетските пирамиди, римските аквадукти и средновековните катедрали. Раното ѕидарство се потпирало на сопствената тежина за стабилност против страничните сили. Со текот на времето, методите на ѕидање се развиле за да ги задоволат архитектонските и културните барања. Од средината на XX век, челичната арматура станала вообичаена, дозволувајќи му на современото ѕидарство да се справи со силите на затегнување во современите лесни, високи строежи.

Ѕидарството се користи првенствено за изградба на ѕидови и згради.[4]

Предности

[уреди | уреди извор]
  • Употребата на материјали како тули и камења може да ја зголеми топлинската маса на зградата и да ја заштити зградата од пожари.
  • Ѕидарството е незапалив производ
  • Ѕидарството е поотпорно на летечки предмети за време на урагани и торнада.

Недостатоци

[уреди | уреди извор]
  • Лошите временски услови можат да предизвикаат оштетување на ѕидарството поради температурно проширување и циклуси на замрзнување и одмрзнување на водата.
  • Поради нивната голема тежина, ѕидарските конструкции мораат да бидат изградени на цврста основа за да се избегне тонење и пукнатини.
  • За разлика од другите технологии како што е железобетон, ѕидарската конструкција не подлежи на механизација и бара искусни работници (ѕидари).
  1. „ѕидарија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ѕидарство“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „ѕидарство“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Repairing Masonry (2015). „Tips for Repairing Masonry“. Посетено на 14 април 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]