Прејди на содржината

Ѕвездичка Заспанка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѕвездичка Заспанка, позната и како „Заспана ѕвездичка“ или „Малата заспана ѕвезда“, е првата словенечка радио-драма. Ја напишал Фране Миличински во 1952 година. Од 1955 година, со некои прекини, се изведува како куклена претстава. Во 1959 година, по објавувањето како книга, Миличински ја добил наградата „Левстик“ за ова дело. „Ѕвездичка Заспанка“ останува една од најпопуларните детски приказни во Словенија.

Содржина

[уреди | уреди извор]

„Ѕвездичка Заспанка“ е најмладата ѕвезда на небото. Поради нејзиното постојано доцнење на работа, Месечината ја испраќа на Земјата како казна. Таа може да се врати на небото кога ќе докаже дека ја научила лекцијата. Меѓу луѓето што ги среќава на Земјата е и разбојникот Цеферин, кој сака да ѝ ја украде златната коса. Поради невиноста и добрината на Ѕвездичка Заспанка, неговото камено срце почнува да чука. На крајот, Ѕвездичка Заспанка се враќа на небото.