Ѕвезден град

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Русија

Location in Russia

Московска област

Location in Moscow obslast


Ѕвезденииот град (руски: Звёздный городо́к) претставува руски военоистражувачки и обучен центар кој се наоѓа во московската област на околу 32 km североисточно од Москва, Русија. Започнувајќи од почетокот на шеесетите години од минатиот век космунаутите живеат и се обучуваат во Ѕвездениот град во Центар за подготовка на космонаути кој го носи името на Јуриј Гагарин.

Во времето на Советскиот сојуз градот претставувал воена инсталација со ограничен пристап за останатиот дел од светот. Голем број руски космунаути, бивши и сегашни, како и персоналот од центарот за подготовка живеат во Ѕвездениот град заедно со своите семејства. И денес овој град е опкружен со шума и со ѕид, а пристапот до него е ограничен.

Во Тренинг центарот се наоѓа најголемата центрифуга на светот (изградена во 1980 г.) која може да ротира со брзина од 36 вртежи во минута, како и базен (длабок 12 m и широк 20 m) во кој идните космунаути вежбаат во услови на бестежинска состојба.

Градот има свој сопствен поштенски број, средно училиште, продавници, градинки, кина, спортски и рекреативни центри, како и железничка станица и музеј посветен на вселенските истражувања.


Збратимени гредови[уреди]

Ѕвездениот град е збратимен со градот Насау Беј во Тексас, САД.


Надворешни врски[уреди]