Прејди на содржината

Ѕвезда од главната низа од типот O

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уметничка претстава на ѕвезда од типот O

Ѕвезда од главната низа од типот O (O V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип O и сјајносна класа V. Овие ѕвезди имаат маса 15 до 90 пати поголема од Сончевата и површинска температура од 30.000 до 50.000 K. Имаат сјајност 40.000 до 1.000.000 поголема од онаа на Сонцето.

Спектрални стандарди

[уреди | уреди извор]
Спектарот на една O5V-ѕвезда
Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот O[1][2]
Спектрален
тип
Маса (M) Полу-
пречник
(R)
Сјајност (L) Делотворна
температура

(K)
Боен
показател

(B − V)
O3V 120,00 15,00 1.400.000 44.900 −0,330
O4V 85,31 13,43 1.073.019 42.900 −0,326
O5V 60,00 12,00 790.000 41.400 −0,323
O6V 43,71 10,71 540.422 39.500 −0,321
O7V 30,85 9,52 317,322 37.100 −0,318
O8V 23,00 8,50 170.000 35.100 −0,315
O9V 19,63 7,51 92.762 33.300 −0,312

Стандардните ѕвезди кои ја дефинираат MK-класификацијата за ѕвезди од главната низа од типот O, т.е. они е стандарди кои се немаат изменето од почетокот на XX век наваму се: S Еднорог (O7 V) и 10 Гуштер (O9 V).[3]

Морган-Кинак-Келермановиот (МКК) „Јеркисов“ атлас од 1943 г. наведува стандарди помеѓу O5 у O9, но сјајносните класи се разделени само за O9.[4] Двата стандарда MKK O9 V биле Јота Орион и 10 Гуштер. Преработените Јеркисови стандарди („MK“) претставени од Џонсон и Морган (1953)[5] немаат измени во типовите од O5 до O8, и наведуваат 5 O9 V-стандарди (HD 46202, HD 52266, HD 57682, 14 Кефеј, 10 Гуштер) и 3 O9,5 V-стандарди (HD 34078, Сигма Орион, Зета Змијоносец). Важната преработна на спектралната класификација на Морган и Кинан (1973)[6] наведува „преработени МК-стандарди“ за O4 до O7, но повторно стандардите не ги двојат по сјајносни класи. Тука се наведени стандардите O9 V за 10 Гуштер и O9,5 V за Сигма Орион.

Сјајносните класи на типот O поттипови претходни на O5 не се дефинирани со стандардните ѕвезди сè до 1970-тите. Спектралниот атлас на Морган, Абт и Тепскот (1978)[7] дава неколку стандарди за ѕвезди од главнат низа од типот O (сјајносна класа „V“): HD 46223 (O4 V), HD 46150 (O5 V), HD 199579 (O6 V), S Еднорог (O7 V), HD 46149 (O8 V) и HD 46202 (O9 V). Цалборн и Фицпатрик (1990)[8] го создале првиот дигитален атлас на спектри за ѕвезди од типот OB, и вклучиле главнонизен стандард за O3 V (HDE 303308). Спектралната класа O2 била дефинирана од Волборн и др. (2002), при што ѕвездата BI 253 има улога на главен стандард за O2 V (впрочем типот „O2 V((f*))“). Тие ја редефинирале и HDE 303308 како стандард за O4 V, и дале нови O3 V-стандарди (HD 64568 и LH 10-3058).[9]

Својства

[уреди | уреди извор]

Ова се исклучително ретки тела. Се смета дека во целиот Млечен Пат нема повеќе од 20.000 ѕвезди од класата O,[10] или околу една на 10.000.000 ѕвезди. Сите ѕвезди од класата O се многу млади — не повеќе од неколку милиони години – и сите тие во нашата галаксија имаат висока металичност, двапати повеќе од онаа на Сонцето.[11] Имаат маса помеѓу 15 и 90 M, но имаат поумерени полупречници околу 10 R. Површинската гравитација е 10 пати поголема од онаа на Земјата, што е релативно ниско во споредба со други ѕвезди од главната низа.

Нивните површински температури изнесуваат некаде меѓу 30.000 и 50.000 K. Ова се силно блескави ѕвезди со болометриска сјајност помеѓу 30.000 и 1.000.000 L. Видливата апсолутна величина им се движи од −4 (3.400 пати посветло од Сонцето) до −5,8 (18.000 пати посветло од Сонцето).[11][12]

Ѕвездените ветришта на овие ѕвезди имаат конечна брзина од околу 2.000 км/с.[13] Насјајните меѓу нив губат маса со стапка од преку една милионитина M годишно, иако најмалку сјајните губат многу помалку. Ѕвездите од главната низа од типот O во Големиот Магеланов Облак имаат пониска металичност (нивната внатрешност е помалку непроѕирна од типичните ѕвезди во Млечниот Пат) и забележително повисоки температури; највоочлива е помалата стапка на загуба на маса, која е намалена зради помалата непроѕирност.[14]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Pecaut, Mark J.; Mamajek, Eric E. (1 септември 2013). „Intrinsic colors, temperatures, and bolometric corrections of pre-main-sequence stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 208 (1): 9. arXiv:1307.2657. Bibcode:2013ApJS..208....9P. doi:10.1088/0067-0049/208/1/9. ISSN 0067-0049. S2CID 119308564.
  2. Mamajek, Eric (2 март 2021). A Modern Mean Dwarf Stellar Color and Effective Temperature Sequence (Report). Department of Physics and Astronomy. University of Rochester. Посетено на 5 јули 2021.
  3. Garrison, R. F (1994). „A Hierarchy of Standards for the MK Process“. The MK Process at 50 Years. A Powerful Tool for Astrophysical Insight Astronomical Society of the Pacific Conference Series. 60: 3. Bibcode:1994ASPC...60....3G.
  4. Morgan, William Wilson; Keenan, Philip Childs; Kellman, Edith (1943). „An atlas of stellar spectra, with an outline of spectral classification“. Chicago. Bibcode:1943assw.book.....M.
  5. Johnson, H. L; Morgan, W. W (1953). „Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the revised system of the Yerkes spectral atlas“. Astrophysical Journal. 117: 313. Bibcode:1953ApJ...117..313J. doi:10.1086/145697.
  6. Morgan, W. W; Keenan, P. C (1973). „Spectral Classification“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 11: 29–50. Bibcode:1973ARA&A..11...29M. doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333.
  7. Morgan, W. W; Abt, Helmut A; Tapscott, J. W (1978). „Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun“. Williams Bay: Yerkes Observatory. Bibcode:1978rmsa.book.....M.
  8. Walborn, Nolan R; Fitzpatrick, Edward L (1990). „Contemporary optical spectral classification of the OB stars - A digital atlas“. Astronomical Society of the Pacific. 102: 379. Bibcode:1990PASP..102..379W. doi:10.1086/132646.
  9. Walborn, Nolan R; Howarth, Ian D; Lennon, Daniel J; Massey, Philip; Oey, M. S; Moffat, Anthony F. J; Skalkowski, Gwen; Morrell, Nidia I; Drissen, Laurent; Parker, Joel Wm (2002). „A New Spectral Classification System for the Earliest O Stars: Definition of Type O2“ (PDF). The Astronomical Journal. 123 (5): 2754. Bibcode:2002AJ....123.2754W. doi:10.1086/339831.
  10. „Scientists Begin To Tease Out A Hidden Star's Secrets]“. ScienceDaily. 27 јули 1998. Посетено на 2 февруари 2018.
  11. 11,0 11,1 Tables 1 and 4, Fabrice Martins; Daniel Schaerer; D. John Hiller (2005). „A new calibration of stellar parameters of Galactic O stars“. Astronomy & Astrophysics. 436 (3): 1049–1065. arXiv:astro-ph/0503346. Bibcode:2005A&A...436.1049M. doi:10.1051/0004-6361:20042386. S2CID 39162419. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  12. Table 5, William D. Vacca; Catharine D. Garmany; J. Michael Shull (април 1996). „The Lyman-Continuum Fluxes and Stellar Parameters of O and Early B-Type Stars“. Astrophysical Journal. 460: 914–931. Bibcode:1996ApJ...460..914V. doi:10.1086/177020. hdl:2060/19970023476. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  13. Martins, F (2004). New atmosphere models for massive stars: Line-blanketing effects and wind properties of O stars (Thesis). Bibcode:2004PhDT........21M.
  14. Massey, Philip; Bresolin, Fabio; Kudritzki, Rolf P; Puls, Joachim; Pauldrach, A. W. A (2004). „The Physical Properties and Effective Temperature Scale of O-Type Stars as a Function of Metallicity. I. A Sample of 20 Stars in the Magellanic Clouds“. The Astrophysical Journal. 608 (2): 1001–1027. arXiv:astro-ph/0402633. Bibcode:2004ApJ...608.1001M. doi:10.1086/420766. S2CID 119373878.