Ѕвезда над Витлеем (Агата Кристи)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѕвезда над Витлеем
Star Over Bethlehem
АвторАгата Кристи
ИлустраторЕлси Ригли
Изработувач на
корицата
Елси Ригли
ЗемјаОбединето Кралство
ЈазикАнглиски
ЖанрПоезија и раскази
ИздавачКолинс
Издадена
1 ноември 1965
Медиумпечатено
Страници80 (прво издание)
ПретходнаКарипска мистерија 
СледнаВо хотелот „Бертрам“ 

Ѕвезда над Витлеем — илустрирана книга со поезија и раскази на религиозна тема од писателката на детективски теми Агата Кристи. Авторката се јавува под името „Агата Кристи Малован“ (чија единствена друга книга објавена под ова име била кратка автобиографија во 1946 година. Ајде кажи ми како живееш). Книгата е објавена од издавачката куќа Колинс во Обединетото Кралство на 1 ноември 1965 година, по цена од тринаесет шилинзи и шест пени (13/6), а во САД од Дод, Мид и Компани, по цена од 4,95 долари.

Делото содржи пет песни и шест раскази, сите на тема христијанство. Некои од песните може да се земат како коментари или епилози на раскази.

Иако е релативно непознато, ова дело, кога воопшто се споменува, често се наведува дека е за деца. Сепак, приказните што ги содржи се цврсто насочени кон возрасна публика и со теми за возрасни, особено приказната Воден автобус, која содржи настани како смрт и абортус.

Малку се знае за причините за пишување на содржината на оваа книга, но познато е дека Кристи одржувала силни религиозни верувања во текот на нејзиниот живот.[1] Таа, исто така, било кажано дека е задоволна од плановите на Колинс за објавување и илустрациите на книгата Елси Ригли и била задоволна од приемот на книгата, и за прв пат, побарала книгата да содржи нејзин автограм. [2]

Песни[уреди | уреди извор]

  • A Greeting
  • A Wreath for Christmas
  • Gold, Frankincense and Myrrh
  • Jenny by the Sky
  • The Saints of God

Историја на изданијата[уреди | уреди извор]

Насловниот расказ за прв пат бил објавен во декември 1946 година во Woman's Journal [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Agatha Christie – Official Centenary Celebration (pp. 96–97). 1990. Belgrave Publishing Ltd.; 0-00-637675-4
  2. Morgan. (p. 338)
  3. Holdings at the British Library (Newspapers – Colindale). Shelfmark: NPL LON 5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]