Ѕвездан Јовановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 19 јули 1965
Пеќ, СФРЈ денешно Косово
Занимање војник, криминалец, атентатор


Ѕвездан Јовановиќ (19 јули 1965) е поранешен припадник на Единица за специјални операции, кој е осуден за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Јовановиќ е роден во градот Пеќ, во Метохија. Работел како бравар, а од 1991 година се придружил на српските паравоени структури на чело со Жељко Ражнатовиќ. Станал член на Единицата за специјални операции или Црвени баретки, каде се стекнал со чин потпуковник. Активно зел учество во војните во Југославија, посебно во Косово.[1].

На 12 март 2003 година, Јовановиќ извршил успешен атентат врз српскиот премиер Ѓинѓиќ. По атентатот, тој успеал да побегне, но набргу бил уапсен. На 23 мај 2007 година бил осуден на 40 години затвор.

Наводи[уреди | уреди извор]