Прејди на содржината

Ѓуѓум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓуѓум или ѓугум е метален сад кој се користел за чување и носење вода. Овој сад по форма и намена бил сличен со ѓумот.

Ѓуѓумот е за вода, за разлика од ѓумот кој се користел и за други течностио. Тој има тркалезно конкавно пие, страните се ѕвончести, продолжуваат нагоре со благо стеснување до работ, од каде што телото на ѓумот нагло се собира по врат што е назначен со тесен преод и над него релјефно испакнат прстен. Нагоре вратот сосема благо се проширува до отворот - грлото, под него отстрана е рачката, која горе е разделена на два дела и е споена со ѓуѓумот со две чивии. Преку полукружно свиткување во долната половина е свиткана навнатре, а на долниот дел завршува под прав агол, со сплескан крај што е прицврстен со чивија. Капакот е кубелија, на долниот раб има мал чембер вертикално подаден нанадвор. Капакот е подвижно споен за бакарната масивна рачка со „мустакијата“. Ѓуѓуми правеле казанџии.[1]

  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 82, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]