Прејди на содржината

Ѓурѓица Бједов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓурѓица Бједов
Медали
Пливање во женска конкуренција
Натпреварувач за Југославија Југославија
Олимписки игри
Златен медал - прво место 1968 Мексико 100 м градно
Сребрен медал – второ место 1968 Мексико 200 м градно
Летни универзијади
Сребрен медал – второ место 1970 Торино 4×100 м краул
Бронзен медал – трето место 1970 Торино 4×100 м мешано

Ѓурѓа (Ѓурѓица) Бједов (р. 5 април 1947 во Сплит, СР Хрватска, СФРЈ) — поранешна хрватска пливачка и единствена освојувачка на златен медал за Југославија во пливање на Олимписките игри.

На Летните олимписки игри 1968 одржани во Мексико, таа го освоила златниот медал на трката на 100 метри градно и сребрениот медал на 200 метри градно, и поставила олимписки рекорд на трката на 100 метри градно од 1:15.8.[1] На крајот на годината, таа била прогласена за спортистка на годината во Југославија.

По пливачката кариера, Бједов станала пливачки тренер. Нејзината ќерка Анамарија Петричевиќ, која исто така е пливачка, се натпреварувала на Летните олимписки игри 1988.[2] Двете сега живеат во Локарно, Швајцарија.[3][4]

Во 1987 година, таа била примена во Меѓународната пливачка куќа на славни.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Durđa Bjedov Архивирано на 11 јули 2012 г. (српски)
  2. Vurušić, Vlado (August 8, 2008). „8 hrvatskih kandidata za medalje“ (хрватски). Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 2008-08-12. Посетено на 2008-08-09.
  3. http://arhiv.slobodnadalmacija.hr/19991216/sport2.htm
  4. http://arhiv.slobodnadalmacija.hr/19991230/sport2.htm
  5. „Bjedov on ISHOF-site“. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 2015-11-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Награди
Претходник
Иво Данеу
Југославија Најдобра спортистка на Југославија
(Според дневниот весник Спорт)

1968
Наследник
Драган Џаиќ
Претходник
Вера Николиќ
Југословенска спортистка на годината
(Според спортскиот весник Sportske novosti)

1968
Наследник
Ана Бобан