Ѓунер Небиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ѓунер Небиу (албански: Gjuner Nebiu; Тетово, 6 ноември 1951) — педагог , долгогодишна просветна работничка , феминистка, мировна активистка и застапувачка на женските човекови права.

Професија[уреди | уреди извор]

Ѓунер Небиу по професија е педагог со 35годишно работно искуство во образованието(до 2006). Долгогодишна менторка на студентите од Педагошки факутет, надворешна соработничка на Бирото за развој на образованието и рецензент на наставни учебници и прирачници за основно образование.

Општествен активизам[уреди | уреди извор]

Од 1992 година активно е вклучена во мировното и женското движење во Македонија и на глобално ниво. Учествува во основањето на повеќе женски формални/неформални групи и мрежи чија мисија е унапредувањето и заштитата на женските човекови права , постигнувањето на родовата рамноправност, изградбата на мирот и цивилното општество во Р. Македонија и пошироко. Општествениот активизам го започнува во Сојузот на албанската жена во Македонија( САЖМ )- прва регистирана женска организација во независна Р. Македонија и нејзините ограноци во Скопје и Општина Чаир. Паралелно со нејзината активност во САЖМ ( 1993 – 2001), таа е една од основачките и координаторките на интеретничката мрежа на жени Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од 1999, основана од страна не лидерки и активистки женското мировно и феминистичко движење на Македонија и регионот.

Ѓунер Небиу своето искуство го споделува со други борци за женски и човекови права во улога на волонтерка, учесничка, фацилитаторка, воведничарка, модераторка, панелистка на конференции, семинари, обуки, работилници панел дискусии, летни школи во Македонија, балканскиот регион, ЕУ и во земјите на Средниот исток. Во периодот од 2006 до 2012 е членка на координативното тело ''Euromed Feminist Initiative'', а од 2014 е членка на бордот на ''Euromed Feminist Initiative''. Исто така, од 2007 година е советник на ''Global Fund for Women''.

Публикации[уреди | уреди извор]

Уредник и автор на збирка на текстови и прирачници од областа на родова едукација и јакнење на капацитети на жените политичарки(,,Жените тоа го можат", „Жени во фокус“, брушурата ,,Жеските права се човекови права“, Уредник на прирачникот ,,Школо за мултикултурализам“, и други изданија во рамките на кампањата за искоренување на родовото и семејното насилство.

Проекти[уреди | уреди извор]

Таа во досегнашнoтo активно делување била во улога на координаторка и тим-лидерка на иницијативи и проекти во областа на изградба на мирот, зајакнување и вклучување на жени во политиката, пазарот на труд и превенција и заштита од родовото и семејното насилство. Дел од проектите во кои била вклучена се:

  1. Регионалната програма за Политичко јакнење на жените „Жените тоа го можат“ (2002-2009)
  2. Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство (зајакнување на жените од етничките малцинства од рурални средини 2009-2012 )
  3. Транснационалниот проект „Поврзување и зајкнување на женски организации од западен Балкан“ кои работат на женски права и родова рамноправност ( 2011-2013)
  4. Меѓународна конференција „Жени, мир и сигурност - феминистичка алтернатива“ – Скопје 2009 - учесници/чки од 24 земји од балканскиот регион, ЕУ, Средниот исток , Кавказ и САД.
  5. Меѓународна мировна конференција „Жените од 21 век“ - Каиро ( 2010)
  6. Проекти во рамките на кампањите „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“ и други.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

[1] [2] [3]

[4]

  1. http://www.antiko.org.mk/novosti_detail.asp?ID=222
  2. http://www.alfa.mk/News.aspx?id=55965#.VPsIXvmG-LU
  3. http://www.press24.mk/zhenite-vo-makedonija-najchesto-i-povekjekratno-diskriminirani
  4. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2412&stID=31105