Прејди на содржината

Ѓум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓум е метален сад кој се користел за чување и носење вода. Глинениот парник на овој метален сад се вика стомна, која е и поразлична по форма.

Служел за чување или за транспортирање вода, боза, салеп и слични течности. Поткренат на сосема мала ѕвончеста нога, од тркалезното дно отстрана додадената рачка во долниот дел од телото на ѓумот е прилепена до самото тело, додека нагоре продолжува извивајќи се нанадвор. Во горниот крај под благ агол е поделена на два дела. На крајниот горен дел на рачката се направени „уши“ преку кои со „мустакијата“ подвижно е споен капакот, а со чивии таа е споена под самиот отвор на ѓумот. Отворот на ѓумот е засилен со подвиткување на работ нанадвор. Капакот е кубелија, долниот раб му е хоризонтално подаден нанадвор, така што добро лежи нанадвор свитканиот раб на отворот од ѓумот. На капакот има пупка. Целиот ѓум може да биде и богато декориран, во зависност од производителот и сопственикот.[1]

  1. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 89, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]