Ѓорѓи Томовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓорѓи Томовски
Ѓорѓи Томовски - сликар2.jpg
Роден 1977
Скопје , Македонија Македонија
Занимање сликар и мозаичар

Ѓорѓи Томовски (Скопје, 1977) е познат македонски сликар и мозаичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Томовски е роден во Скопје во 1977 година. Средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1996, а дипломирал во 2001 година на сликарскиот отсек при факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Родољуб Анастасов. Активно работи мозаик од 1996 и учесвувал како соработник во изведбата на мозаиците на проф. Газанфер Бајрам во парламентот на Македонија, во „ВИП" салонот на аеродромот во Скопје како и мозаикот поставен во холот на Македонскиот народен театар.

Член е на ДЛУМ од 2002 година. Учествувал на повеќе групни изложби и уметнички колонии, а првата самостојна изложба му била под наслов „Од утро до утро, со градот и без него“ одржана во КИЦ 2005 година.[1] Живее и работи во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Културни манифестации ДЕНЕСКА ...“. Вечер. 2005. Посетено на 2012-02-16.