Ѓорѓи Пановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Пановски
Gjorgji Panovski.jpg
Роден 1912 година
Луково (Кратовско), Македонија под Османлиска власт
Починал 16 април, 1945 година
Сремски фронт, Хрватска
Националност Македонец
Роднини Брат на Дончо Пановски

Ѓорѓи Анчев Пановски ( 1912 во Луково (Кратовско)16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Одраснал во сиромашно сточарско семејство. Бидејќи Луково е планинско село, немале обработлива земја ѝ единствена егзистенција им било сточарството. Во селото немало училиште, а соседните училишта биле многу оддалечени, па така Ѓорѓи останал неписмен. Кога Кратово и околината конечно биле ослободени, тој пристапил во Месната команда во Кратово, подоцна влегол во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада, а потоа преминал во составот на Треттата македонска ударна бригада. Како поискусен војник, во борбите што ги водела бригадата покажувал умешност и ги подучувал помладите како да се борат и бранат. Учествувал во борбите што ги водела Треттата македонска ударна бригада. Загинал во борбите на Сремскиот фронт на 16 април 1945 година, истиот ден кога загинал и неговиот брат Дончо.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 46.