Ѓорѓи Мијаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Мијаков
Роден 1875
Брник, Мариовско

Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи ( 1875, Брник, Мариовско –) — познат ајдук во Мариовско за време на османлиското владеење. За него е напишана песната „Болен лежи катиљ Ѓорѓи“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорѓи Мијаков е роден во мариовското село Брник во 1875 година. Грчките андарти, по кодошлак на нивните јатаци од семејството Кормаци од Мариово, му ги убиле сите браќа, освен најмалиот, кој бил испратен како подарок на сестрата на грчкиот капетан, која била бездетна. Другите браќа биле заклани и закопани во дворот на некоја црква во Беломорска Македонија.

За време на Првата светска војна, Бугарите во Мариово, покрај своите полициски и воени сили, врбувале и некои комити и ајдуци со свои групи, на кои како селски милиции им давале неограничена власт над селата. Во тоа време Ѓорѓи Мијак бил поставен за селски кмет во Брник. Ѓорѓи користејќи ја новостекнатата власт што му била дадена, во знак на одмазда за семејната трагедија, жестоко им се одмаздил на поранешните грчки јатаци низ Мариово.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ѓорѓи Мијакоски на Олд Прилеп

Надворешни врски[уреди | уреди извор]