Ѓорѓи Атанасов
| Ѓорѓи Атанасов | |
|---|---|
| Роден(а) | 19 април, 1926 Велес, Кралство СХС |
| Починал(а) | неизв. неизв. |
| Кривично обвинение | член на „ВМ“ организација |
| Казна | 7 години во затвор |
Ѓорѓи Атанасов (Велес, 19 април 1926 — ?) — македонски активист и качар. Тој бил член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од тогашниот социјалистички режим поради неговата поддршка за обединета независна македонска држава. Атанасов се приклучил во националистичка група основана од Александар Патраклиевски, по потекло од Штип. Поради неговите дејности бил прогонет во Идризово.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден на 19 април 1926 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Атанасов се образувал во неговиот мајчин град. Не можел да продолжи со неговото средно училишно образование поради почетокот на Втората светска војна и народноослободителната борба. После ослободувањето на Велес во 1945 година се запишал во велешката гимназија. Таму тој открил за националистичките групи кои никнале низ градот, меѓу нив најзначаен бил групата на Благој Џајков со Крум Чушков и Саздо Трајковски. Џајков бил верник во старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на Социјалистичка Македонија. Во полициските досија дејци на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Всушност синоним на фашист или бугараш.[1]
Атанасов не се приклучил во Џајковата група. Тој се вчленил во групата формирана од Александар Патраклиевски, националист по потекло од Штип. Атанасов се вчленил заедно со Ацо Уневски. Во 1947 година за време на југословенскиот терор врз велешаните групата била откриена и укината. Во еден југословенски извештај за групата наведиле: „Организацијата имала за цел да се бори за обединета Македонија под раководство на Ванчо Михајлов“. Оваа изјава била безсмислена бидејќи групата немала пристап до Михајлов. Истата година Атанасов поради неговата улога бил осуден 7 години во Идризово. Во 1954 година бил ослободен но не бил рехабилитиран. Неговата судбина после тоа е непозната.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Ачкоска, Виолета (2013). Велес и Велешко: 1944-1991. Скопје: Макавеј. стр. 225–229. ISBN 978-608-205-233-5.