Ѓорѓија Божиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓија Божиноски
Роден 1907 година
Подвис, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 1 септември, 1944 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Ѓорѓија Билбилов Божиноски ( 1907 во Подвис (Кичевско)1 септември 1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По потекло бил од сиромашно селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Уште од почетокот на ослободителното движење, бил симпатизер, а во летото 1942 година активно се вклучил и станал член на илегалниот народно-ослободителениот одбор во селото ѝ партиските задачи ги извршувал најодговорно и совесно. Неговата работа во одборот продолжила и во текот на 1943 година кога бил курир и водич по теренот, а во август 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Загинал во борбите за ослободувањето на Кичево на 1 септември 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 45.