Ѓонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓонија (архаизам) — назив за алатка за проверување дали две површини се под прав агол. Во преносна смисла се користи за некој или нешто што отстапува од вообичаеното.[1]

Намена[уреди | уреди извор]

Ѓонијата била алатка што ја користеле мајсторите ѕидари и столари, за да ја одредат вертикалноста на две површини.[2]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Како што е наведено во Речникот на Југословенската академија:

Ѓонија е столарски и ѕидарски алат, како плоснат дрвен или метален аголни, тур. gũnia од грчки gоnia.[2]


Македонците го презеле овој изворно грчки збор - gоnia од турскиот јазик - од зборот gũnia, како што е наведено во големиот турски речник на Шамсудин Сами, кој означувал:

Агломер, дрвена или железна направа за проверување дали две прави склопуваат прав агол, за порамнување на правецот на ѕидовите, или „дотерување на ѕидовите под ѓонија“.[2]


Ѓонија во книжевноста[уреди | уреди извор]

Во книжевното творештво се наоѓа кај Петре М. Андреевски во Пиреј:

Сѐ под шуле и под ѓонија се соѕида. И секоја греда до греда со пијавици ја врзавме.[3]


Во преносна смисла се среќава во делото „Швајцарија на Балканите“ од Драги Михајловски:

Ај, прекини, не туку дрдори! рече грубо внуката извадена од ѓонија.[4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Чоканче" со нов музички запис "Игра рок енд рол цела Македонија" или во ова лудило, според текстот "Цела Македонија – избегана од ѓонија" (видео)“. Bitola news. 25.04.2022. Посетено на 16 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Белић, Александар (1. 1. 1935). О значењу речи ђунија У: Наш језик, стара серија 3. Институт за српски језик САНУ. стр. 59–60. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Андреевски, Петре (1983). Пиреј. |access-date= бара |url= (help)
  4. Михајловски, Драги (2015). Швајцарија на Балканите. Каприкорнус. стр. 116. ISBN 978-9989-715-44-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)