Прејди на содржината

Ѓозлеме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓозлеме
Ѓозлеме
Дел од оброкотпредјадење
Место на потеклоТурција
Температура на послужувањетопло
Главни состојкибрашно, вода, сол

Ѓозлеме (турски: gözleme) — јадење од турската кујна. Традиционално се прави од тесто, а рачно сучените кори се полнат со фил, кој најчесто е сирење или урда.

Корите се виткаат во квадрат и се печат на голем плех додека не се појават мали црно-кафени дамки на нив. Точките изгледаат како мали очи (на турски: göz), па оттука и неговото име.

По печењето од двете страни корите се полеваат со раствор од путер или масло, павлака и потсолена топла вода, некаде се користи млеко наместо вода. Корите ја впиваат течноста и омекнуваат, па се вадат од плехот.[1]

Во модерната кујна, филот е разновиден, со користење на различни производи како зеленчук, месо и различни видови џем.

  1. www.wikihow.com, Архивирано од изворникот на 2015-02-06, Посетено на 2015-02-05