Ѓерасим Симјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓерасим Симјаноски
Роден 1916 година
Тајмиште, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 1944 година
Скопска Црна Гора, Скопско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Ѓерасим Шарев Симјаноски ( 1916 во Тајмиште, Кичевско1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Како симпатизер на народно ослободителното движење, во пролетта 1944 година, при доаѓањето на Бригадата од Егејска Македонија, стапил во единиците на Народноослободителната војска на Македонија. Учествувал во повеќе борби низ Западна Македонија. Загинал во борбите со балистите при ослободувањето на Скопје во Скопска Црна Гора, во есента 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 113.