Ѓеневички водопади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓеневички Водопади
МестоЃеневица, Општина Маврово-Ростуше
Виднуркање, пливање, бањање
Вкуп. висина14
Највисок слап14 м (46 ст)

Ѓеневичките Водопади или Водопадите на Ѓенeвица се живописен предел во Република Македонија, во Општина Маврово-Ростуше.

Природни особини[уреди | уреди извор]

Од извориштето на околу 1400 m надморска височина, до утоката во Радика на околу 650 m надморска височина, реката Ѓеневица тече во должина од 8 km, низ ливади, шума и карпи, правејќи водопади и каскади. Највеличествен дел претставува најзиниот кањон, кој не е целосно пристапен, заради тешкиот терен.

Картсната област Езериште e поле со група на мали езерца во северозападниот дел на планината Бистра, неколку километри северно од Галичник. Иако се наоѓаат на релативно голема надморска височина (на околу 1900 метри), овие езерца според настанокот не се глацијални туку карстни, што ги прави единствени и ретки, поради фактот што карстните предели се водопропустливи. Но, овие езерца константно се полнат со вода од блиските извори, иако неколку од нив преку лето пресушуваат.

Локација[уреди | уреди извор]

Водопадите се лоцирани во Општина Маврово-Ростуше. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Види уште[уреди | уреди извор]