Ѓело Јусиќ
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ѓевалхудин Јусиќ (хрватски: Đevalhudin Jusić), познат како Ѓело Јусиќ (хрватски: Đelo Jusić, 26 јануари 1939, Дубровник - 31 мај 2019) бил хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.[1]
Биографија[уреди | уреди извор]
Ѓело Јусиќ е роден во Дубровник. Неговата ќерка, Дубравка Јусиќ, исто така е поп-музичарка. Јусиќ починал на 31 мај 2019 година.[2]
Музичка кариера[уреди | уреди извор]
Јусиќ почнал да се занимава со музика во 1960-тите, како основач на групата Дубровачки трубадури (Dubrovački trubaduri).[3] Музичката инспирација ја црпел од родниот град и дал значаен придонес кон подемот на медитеранската струја во хрватската популарна музика. Во 2007 година ја добил наградата „Порин“ (Porin) за животно дело.[4]