Ѓеврек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓеврек
Simit-2x.JPG
Вид леб
Регион Источна Европа и Западна Азија
Главни состојки сусам

Ѓеврекот е вид на печиво со прстенест облик вообичаено посипан со сусам или поретко со мак или сончогледови семки. Карактеристичен е за кујните во земјите од бившата Отоманска Империја и Блискиот Исток.

Во Македонија има два вида на ѓевреци, обичен и варен ѓеврек.

Име[уреди | уреди извор]

Зборот ѓеврек е од турско потекло и истиот значи крцкав, крт.

Потекло[уреди | уреди извор]

Ѓеврекот има долга историја. Архивски извори кажуваат дека ѓеврекот се произведувал во Истанбул во 1525 година[1], а судски списи од 1593 година даваат информација за првата стандардизација на тежината и цената[2]. Евлија Челебија, патописец од XVII век, запишал дека во триесеттите години на овој век, во Истанбул имало 70 пекари за ѓевреци[3].

Ѓеврекот и неговите варијанти биле прифатени ширум Отоманската Империја.

Гастрономија[уреди | уреди извор]

Ѓеврекот најчесто се јаде за појадок или ужина, сам или во комбинација со некој пијалак како јогурт или ајран.

Ѓеврекот се продава во продава во продавниците за печива, во бурекчилниците, и на улици од улични продавачи – ѓеврекчии. Ѓеврекчиите имаат колички затворени со стакло во кои ги носат ѓевреците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sahillioğlu, Halil. "Osmanlılarda Narh Müessesesi ve 1525 Yılı Sonunda İstanbul’da Fiyatlar" Belgelerle Türk Tarihi 2 (The Narh Institution in the Ottoman Empire and the Prices in Istanbul in Late 1525. Documents in Turkish History 2) (Kasım 1967): 56
  2. Ünsal, Artun. Susamlı Halkanın Tılsımı.[The Secret of the Ring with Sesames] İstanbul: YKY, 2010: 45
  3. Evliya Çelebi Seyahatnâmesi Kitap I. [The Seyahatname Book I] (Prof. Dr. Robert Dankoff, Seyit Ali Kahraman, Yücel Dağlı). İstanbul: YKY, 2006: 231