Ѓавоља Варош
| Ѓавоља Варош (Ђавоља варош) | |
|---|---|
| Ѓаволски Град | |
Ѓавоља Варош | |
| Земја | Србија |
| Округ | Топлички |
| Градови | Куршумлија, 90 км од Ниш |
| Местоположба | |
| - координати | 42°59′33″N 21°24′26″E / 42.99250°N 21.40722°E |
| - надм. висина | 700 м |
| Поршина | 0,67 км2 |
| Геологија | карпеста образба |
| Портал : djavoljavaros.com | |
Ѓавоља Варош (српски: Ђавоља варош, „Ѓаволски Град“) — карпеста образба во јужна Србија на планината Радан кај Куршумлија. Има 202 необични земјени пирамиди или кули, како што ги нарекуваат мештаните. Високи се од 2 до 15 м и широки од 4 до 6 м при основата. Создадени се со силна ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години.[1] Највеќето кули имаат „глави“ или „капи“ од андезит, кои ги штитат од понатамошни одрони.[2]

Почнувајќи од 1959 г. местото е заштитено со закон, а во 1995 г. дрржавата го прогласила за споменик на природата од прва категорија.[3]
Под камените образби има два извора: Ѓавоља Вода (Ѓаволска Вода), со крајно кисела вода (pH 1,5) и голема концентрација на минерали (15 г/л) и Црвено Врело.[3]
Ѓавоља Варош бил кандидат во кампањата „Седум светски чуда на природата“.[4]
Најслични образби во Македонија се Камените Кули кај с. Куклица, Кратовско.

Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ѓавоља Варош Архивирано на 20 март 2015 г. — Туристичка организација на Србија (српски)
- ↑ Споменик на природата Ѓаволја Варош (Ѓаволски Град) — Светско наследство на УНЕСКО (англиски)
- 1 2 За Ѓавоља Варош
- ↑ „New7Wonders: Đavolja Varoš, Rock Formation“. Архивирано од изворникот на 2009-07-09. Посетено на 2015-04-04.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Ѓавоља Варош“ на Ризницата ? |