Ѓаволски водопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓаволски водопад
Ѓаволски Водопад (Беласица) 01.jpg
Ѓаволски водопад
МестоКалдрма Дере, Беласица, Општина Валандово
Највисок слап19 м

Ѓаволски водопадводопад сместен на западното подножје на јужните падини на планината Беласица, по текот на реката Калдрма Дере, во Валандовско на надморска висина од 580 м во околината на селата Бајрамбос и Кочули, поради што тој е познат и под името Кочулиски Водопад.

За разлика од останатите познати водопади кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив на Беласица, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица[1]. Од градот Валандово е оддалечен 16,5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 метри[1]. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река[1]. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри[1], додека на самата карпа е запишана бројката од 16,8 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколку пати[1]. Поради големиот проток којшто го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад[1].

Од неодамна непосредната околина на Ѓаволскиот водопад е уредена со пристапна патека, скали, ограда, клупи и неколку летниковци за помасовни туристички посети, а во тек на изградба е и широк автомобилски пат.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Џилвиџиев, Глигорије (7 јануари 2014). „Ѓаволски Водопад“. ИГЕО Портал. Посетено на 26 февруари 2020.