Ѓаволска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓаволска Река
ΠΑΡΘΕΝΟ ΔΑΣΟΣ ΙΟΥΛΙΟΣ 13κ.ά 591.jpg
Водопад на реката од планината Заградена
ПодрачјеДрамско, Егејска Македонија
Слив
Главен изворЗаградена, Централни Родопи
206 м
УстиеМеста (Улабекташко Ез.)
41°21′30″ СГШ; 24°27′36″ ИГД / 41.3583° СГШ; 24.46° ИГД / 41.3583; 24.46 (утока на Ѓаволска Река во Места)Координати: 41°21′30″ СГШ; 24°27′36″ ИГД / 41.3583° СГШ; 24.46° ИГД / 41.3583; 24.46 (утока на Ѓаволска Река во Места)
Физички особености
Должина39 км

Ѓаволска Река (грчки: Φαρασινός, Фарасинос или Διαβολόρεμα, Дјаволорема) — река во Драмско, Егејска Македонија која извира врвот Делибоска на планината Заградена (Фракто) во Централните Родопи, па тече низ Драмскиот округ, па завршува како притока на Места во северниот брег на вештакото Улабекташко Езеро (Платановриси) изградено во утоката.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира од јужните падини на Заградена, почнувајќи од врвот Делибоска[1], на надморска висина од 1.953 м. Продолжува по својата долина, која ја двои Заградена од планината Стамна во венецот Кула. Тука од југ ја прима притоката Орлова (Аеторема) која извира од Стамна. Во горното течение, сè до долината, реката се нарекува и Крушарска Река (Ахладорема).

Потоа Ѓаволска Река се соединува со Лаџанскиот Поток (Термион), кој тече од северозапад, па минува низ Лаџанската Клисура, за на крај да се влее во неа. Водите во оваа клисура се сметаат за лековити, и овде се Лаџанските топли извори (Ιαματικά Λουτρά Θερμιών).

Одовде, реката свртува во јужен правец и по 11 километри стасува до северниот брег на Улабекташкото Езеро. Во овој долен дел реката има силни брзаци, од кои води потекло името „Ѓаволска“.

Водопади и мостови[уреди | уреди извор]

Реката е полноводна преку целата година, со бројни слапови и водопади долж целото течение, кое минува низ шумовити предели, со висина од 7 до 70 метри. Се среќаваат неколку средновековни мостови на самата река, како и на нејзините притоки. Тие се:

  • „Борово“ (Певки) кај Караџилар (Заркадија)
  • „Пехан“ кај Лаџа
  • три моста по средниот тек

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „To Φαρασινό ρέμα της Ροδόπης“. Πεμπτουσία. 25 мај 2014. конс. 1 ноември 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]