Прејди на содржината

Ѓаволот носи Прада (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија

'"И ѓаволот носи Прада"' е најпродаваниот женски роман на Лорен Вајсбергер во кој се работи за една млада девојка која се вработува како лична асистентка на една уредничка на познато модно списание, работа која станува пеколна за неа трудејќи се да остане во чекор со исцрпувачкиот распоред и понижувачките барања од страна на нејзината шефица. Романот шест месеци остана на списокот на бестселери на "Њујорк Тајмс" и се сними истоимен филм во 2006 година во кој играат Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант.

На 31 мај 2012 година "Entertainment Weekly" најавија дека Лорен Вајсбергер работи на продолжението на книгата насловено како: "Одмаздата носи Прада: Ѓаволот се враќа". Објавувањето на книгата се очекува во април 2013 година.

Кратка содржина

[уреди | уреди извор]

Неодамна дипломираната студентка по Англиски јазик на "Универзитетот Браун", Андреа Сакс, се сели во Њујорк со надеж дека ќе се вработи во некоја издавачка куќа. Таа патува со нејзината најдобра пријателка Лили, дипломец на "Универзитетот Колумбија", ја дава својата кратка биографија на повеќе работни места низ целиот град надевајќи се дека ќе најде работа во издаваштвото и ќе се оствари нејзинот сон да работи за списанието "Њујоркер". Неочекувано добива интервју за работа во "Elias-Clark Group" и се вработува како помлад асистент на Миранда Присли, главен и одговорен уредник на модното списание "Писта". Иако Андреа знае многу малку за светот на модата повеќепати и кажуваат дека "милион други девојки би умреле за нејзината работа". И дека ако издржи цела една година да работи за Миранда тогаш загарантирано ќе може да си бира ново работно место во рамките на издавачката куќа.

На една забава за славни личности, Андреа се запознава со харизматичниот Кристијан Колинсворт, дипломец на "Универзитетот Јеил" кој го опишуваат како надежен писател на нивната генерација. Тие започнуваат романса а со тоа почнува да се усложнува врската на Андреа со нејзиното момче Алекс.

Односите на Андреа стануваат комплицирани поради нејзината нова работа. Лили сè повеќе се свртува кон алкохолот и се состанува со несигурни мажи со цел да се ослободи од стресните постдипломските студии. Борејќи се со неговата исцрпувачка работа како учител во централниот дел на градот, Алекс е исфрустриран од долгите работни часови и постојаниот стрес на Андреа. Тука трпи и односот на Андреа со нејзиното семејство. Но работите конечно ќе го заземат својот ред кога Емили, колешката на Андреа, ќе добие мононуклеоза и наместо неа Андреа ќе мора да оди во Париз со Миранда. Андреа се согласува иако тоа значи дека ќе мора да го откаже дологоочекуваното патување со Алекс.

Во Париз Андреа неочекувано се сретнува со Кристијан. Подоцна, истата ноќ Миранда конечно попушта и ја прашува Андреа што научила од новата професија и каде би сакала да работи во иднина. И ветува дека по истекот на една година, ќе направи неколку телефонски повици со нејзини познаници што работат во списанието "Њујоркер" за да и помогне, а во меѓувреме и предлага да почне да пишува колумни во "Писта".

Назад во хотелот Андреа добива итен повик од Алекс и од нејзиното семејство, и дознава дека Лили се наоѓа во кома бидејќи имала сообраќајна несреќа возејќи под дејство на алкохол. И покрај тоа што Андреа е под притисок од семејството и од Алекс да се врати дома, таа и вели на Миранда дека ќе остане посветена на "Писта".

Миранда е многу задоволна од тоа како Андреа ја врши својата работа и и вели дека ја чека светла иднина во оваа професија. Сепак, на модната ревија на Кристијан Диор во Париз, и задава уште една невозможна задача. Андреа конечно ќе сфати дека семејството и пријателите се поважни од работата и се ужаснува кога сфаќа дека сè повеќе станува како Миранда. Одбива да го исполни најновото бизарно барање на Миранда, поради што Миранда јавно ја прекорува, на тоа Андреа и возвраќа со: "Еби се Миранда, еби се". Поради тоа на лице место е отпуштена од работа и се враќа дома за да се смири со пријателите и семејството. Иако не може да ја поправи врската со Алекс тие остануваат пријатели.Лили закрепнува а судот и одредува казна да изврши добротворна работа во заедницата.

Во последното поглавје Андреа дознава дека нејзината расправија со Миранда завршила на шестата страница од списанието и дека тоа е лошо за нејзиниот углед. Исплашена дека се наоѓа на црниот список на непожелни луѓе во бизнисот со издаваштвото се враќа назад кај нејзините родители и работи на кратки новели, финансирајќи се преку продавање на скапата облека која ја доби на патувањето во Париз. Компанијата "Seventeen" откупува една од нејзините новели и на крајот од романот Андреа се враќа во зградата на "Elias-Clark Group" да договори ново работно место во едно од другите списанија на компанијата. Таму здогледува една девојка која сфаќа дека всушност е новата помлада асистентка на Миранда, која изгледа толку збунето и растрчано како што таа беше некогаш.

  • Андреа "Енди" Сакс, неодамнешен дипломец на "Универзитетот Браун" која работи како помлада лична асистентка на една моќна и безчувствителна уредничка на модно списание.
  • Миранда Присли, Англичанка по потекло (Миријам Принчек) главен и одговорен уредник на "Писта", стилско и влијателно модно списание кое го објавува компанијата "Elias-Clark". Таа е позната по нејзиниот бел "Хермес" шал и по секојдневното психофизичко малтретирање на нејзините вработени.
  • Емили Чарлтон, поранешната асистентка на Миранда а сега главна асистентка, со Андреа имаат конфликтни односи.
  • Алекс Фајнмен, момче на Андреа, кој предава во едно основно училиште во Јужен Бронкс преку програмата Teach for America.
  • Лили Гудвин, црнокосата долгогодишна цимерка и пријателка на Андреа, дипломрала на катедрата за Руска книжевност на "Универзитетот Колумбија".
  • Најџел, висок Англичанец кој е и хомосексуалец, покрај тоа што е креативен директор на списанието "Писта" честопати се појавува во медиумите и како моден советник покрај некои други познати личности на списанието и поради тоа Андреа го знае уште пред да се вработи таму. Најџел секогаш зборува гласно и е едниствениот човек кој поминува без казна кога ќе го искритикува личниот аутфит на Миранда.
  • Џејмс, уште еден хомосексуалец кој се спријателува со Андреа во "Писта" и работи во одделот за разубавување. Познат е по неговата шега во деновите кога не се чувствува привлечно - повикување на калориите.
  • Џефи, кој го надгледува познатиот "гардеробер" на "Писта" опремен со секаков вид на облека, во принцип позајмени од дизајнерите кога има некое снимање, но многу ретко кога тие им ги враќаат назад бидејќи најчесто вработените во фирмата си ги "позајмуваат". Тој е одговорен за целосниот нов изглед на Андреа за да може полесно да се вклопи во новата модерна работна атмосфера.
  • Хантер Томлинсон, истакнат адвокат и сегашен сопруг на Миранда (разведена е од таткото на нејзините две керќи, позната Британска рок-ѕвезда). Бидејќи неговата сопруга е толку сурова, Андреа, Емили и некои други блиски соработници на Миранда го нарекуваат СГН- тато, скратено од Глув, Слеп и Нем- бидејќи тоа е едниствениот начин кој можат да го замислат дека некој би можел да живее со Миранда.
  • Едуардо е чуварот во зградата на компанијата "Elias-Clark" кој чстопати пеејќи им или правејќи некаква гримаса ги тормози вработените пред да ги пушти да влезат во зградата, како да не им е доволно што тие веќе работат за Миранда.
  • Кристијан Колинсворт е млад и убав писател кој Андреа го запознава на една забава каде и всушност почнуваат нивните симпатии.
  • Каролина и Кесиди се двете разгалени керќи близначки на Миранда.
  • Кара е дадилка на близначките, која многупати ја има извлекувано од неволја Андреа, но Миранда ја отпушта поради тоа што ги ставила под казна нејзините керќи бидејќи биле непослушни.
  • Џил е постарата сестра на Андреа која е омажена во Хјустон и на големо незадоволство на Андреа веќе почнала да го поприма тој Јужњачки акцент.
  • Бучните- жените вработени во редакцијата на списанието како на пример, Алисон (поранешна главна асистентка, сега уредник за убавина), Луција (одделот за мода), Џоселин (редакција) и Стеф (модни додатоци). Андреа им го дава овој прекар поради звукот на нивните „бесшумни“ потпетици кога се движат по мермерните подови во зградата.
  • Бенџамин или скратено Бенџи, е бившото момче на Лили со кој најверојатно останала во контакт иако раскинале. Во романот тој само накратко е спомнат, но се појавува во случката со сообраќајната незгода на Лили.

Во рекламните материјали Вајсбергер изјавува дека барањата на Присли се делумно измислени а делумно вистински искуства која таа и нејзините пријателки ги имале при нивните први работни места. Некои критичари велат дека Ана Винтур, главната уредничка на "Вог" била инспирација за ликот на Присли.

Комерцијален и критички прием

[уреди | уреди извор]

Кејт Бетс, поранешна уредничка на "Harper's Bazaar" која исто така некогаш работела за Винтур, не штедеше на критика во Times Book Review, нагласувајќи ја неблагодарноста на авторката за уникатната можност да работи во "Вог" : "Ако Андреа никогаш не сфати дека треба да се грижи за Присли, тогаш зошто ние би се грижеле за Андреа или пак да го оценуваме текстот како да е нешто повеќе од обичен заплет на настаните?" Во дневниот весник Ана Мејслин додаде: "една подмолна и предизвикувачка книга која ни дава некаков показател дека авторката можела да напише едно бесплатно озборувачко четиво."

Мејслин не го именуваше списанието во кое Вајсбергер всушност работела како и жената која наводно ја инспирирала да го создаде главникот лик. Весникот "Тајмс" го направи истото кога филмот за првпат ја доживеа својата премиера. Поранешната уредничка во "Conde Nast", Бетс, не беше многу објективна во нејзините критики ( Во вториот роман на Вајсбергер насловен како "Сите кои вреди да се знаат" два лика шпекулираат во врска со идентитетот на популарен анонимен колумнист на мрежните места. Една за која се претпоставува е оваа поранешна модна уредничка која наоколу пишува злобни рецензии.)

Критичарите кои ја сакаат книгата признаваат дека како и секој прв роман, има некои пропусти, но ја опишаа како едно забавно и несеризно четиво. Ниту едно од изданијата на "Conde Nast" не ја разгледа или пак спомна "И ѓаволот носи Прада".

Странски изданија

[уреди | уреди извор]

Освен во САД, книгата е издадена во Албанија, Австралија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Кина, Хрватска,Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Индија, Индонезија, Израел, Италија, Јапонија, Кореја, Латвија, Литванија, Малезија, мексико, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Шведка, Тајван, Тајланд, Турција, Обединетото Кралство и Виетнам.

Филмска адаптација

[уреди | уреди извор]

Компанијата 20th Century Fox ја пушти филмската верзија на 30 јуни 2006 година. Продуцент на филмот беше Венди Фајнмен кој исто така го продуцираше и филмот "Форест Гамп", во адаптација на Ејлин Брош Мекена и режија на Дејвид Франкел. Ен Хатавеј ја игра улогата на Андреа, Мерил Стрип во улога на Миранда доби многу пофални критики како и Златен Глобус и номинација за Оскар за најдобра глумица, а Емили Блант ја гледаме во улогата на Емили.

Дејството се снимаше есента во 2005 година во Њујорк и Париз. И самата Вајсбергер се појави во кратката улога на дадилката на близначките на Миранда.

Филмот беше многу успешен и заработи над 300 милиони американски долари низ целиот свет што го направи и најпрофитабилен филм дотогаш, за двете главни глумици. Во септември Вајсбергер и Френкел заеднички ја примија наградата Quill Variety Blockbuster Book to Film Award првата од ваков тип награда.

Телевизиска серија

[уреди | уреди извор]

На 12 октомври 2006 година телевизиската мрежа Фокс најавија дека стекнале право да снимаат комична серија заснована на книгата која ќе почне со емитување во 2007 година. Но проектот не беше вклучен во нивната телевизиска шема за сезоната 2006-2007 година и сè уште не се знае дали оваа адаптација ќе се оствари. Френкел измени само една сцена а тоа е сцената кога Андреа се појавува на модната ревија на Келвин Клајн, покажувајќи дека нејзината работа е многу повеќе од личен потрчко на Миранда.