Југозападен Регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Југозападен плански регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката.
Земја Македонија Македонија
Површина 3,340 км2
Население 221,651 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 046
Oпштини 9
Седиште Струга
Раководител Мирјана Лозаноска
Контакт 046/ 550-146
046/ 523-449
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Југозападниот регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион граничи со следните региони: пелагониски регион, полошки регион, скопски регион и вардарски регион.

Општини

Карта на општините.

Во овој регион спаѓаат 9 општини, и тоа:

  1. Предлошка:Грбови
  2. Предлошка:Грбови
  3. Предлошка:Грбови
  4. Предлошка:Грбови
  5. Предлошка:Грбови
  6. Предлошка:Грбови
  7. Предлошка:Грбови
  8. Предлошка:Грбови
  9. Предлошка:Грбови

Во март 2013 година општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј биле припоени кон општина Кичево.

Демографија

Демографска карта на регионот.

Население

Моменталното население на овој регион изнесува 221.651 жители.

Попис Население Промена
1994 211.046 н/п
2002 221.651 +5.89%

Најголеми населени места

Ранг Место Население
1 Охрид 42.003
2 Кичево 30.138
3 Струга 16.559
4 Дебар 14.561
5 Зајас 4.712
6 Македонски Брод 3.740
7 Вевчани 2.433
8 Пласница 2.288
9 Другово 1.492

Етнички групи

Во овој регион најголема етничка група се Македонците, но живеат и:

Број %
Вкупно 221.651 100
Македонци 107.565 48.52
Албанци 82.418 37.18
Турци 21.266 9.59
Роми 2.813 1.26
други 4.285 1.93


Видете исто така