Кантер страјк: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Видеоигри користејќи го HotCat
Ред 62: Ред 62:


===''Counter-Strike: Global Offensive''===
===''Counter-Strike: Global Offensive''===
На 12 август 2011 година беше потврдено дека на повидок е нова Counter Strike која е развивана од страна на [[Valve|Valve Software]] и [[Hidden Path Entertainment]], и нејзиниот наслов е ''Global Offensive''. Откако излезе играта беше достапна за различни платформи како Xbox 360, PS3 и секако компјутер. Играта беше развиена со цел достојно да биде во конкуренција со големите наслови на познатите [[Call of Duty]] како и [[Battlefield]]. Првата бета верзија излезе на 30 Ноември 2011 само за оние кој имаа соодветни кодови од "Penny Arcade Expo" и Eurogamer. Бета кодови достапни беа за сите околу Јули 2012 година , а играта излезе во оригинална верзија на 21 Август 2012 .
На 12 август 2011 година беше потврдено дека на повидок е нова Counter Strike која е развивана од страна на [[Valve|Valve Software]] и [[Hidden Path Entertainment]], и нејзиниот наслов е ''Global Offensive''. Откако излезе играта беше достапна за различни платформи како Xbox 360, PS3 и секако компјутер. Играта беше развиена со цел достојно да биде во конкуренција со големите наслови на познатите [[Call of Duty]] како и [[Battlefield]]. Првата бета верзија излезе на 30 Ноември 2011 само за оние кој имаа соодветни кодови од "Penny Arcade Expo" и Eurogamer. Бета кодови достапни беа за сите околу Јули 2012 година , а играта излезе во оригинална верзија на 21 Август 2012 . Во 2018 година беше издадена бесплатна верзија со можност да се игра со вистински играчи и со ботови. Подоцна, во декември истата година, играта стана целосно бесплатна.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://dailybuff.ru/games/sleduyushhie-karty-i-missii-csgo-prosochilis-v-seti/|title=Приказната Counter-Strike: Global Offensive.|last=|first=|date=2019-09-07|work=DailyBuff|language=ru-RU|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=2019-09-23}}</ref>


==Наводи==
==Наводи==

Преработка од 16:22, 23 септември 2019

Counter-Strike

Counter-Strike (исто така позната како Half-Life: Counter-Strike, Counter-Strike 1.6, или едноставно CS) е тактичко пукачка видеоигра од прво лице изработена од Valve Corporation којa потекнува од Half-Life модификацијата од Мин "Гусмен" Ле и Џес "Клиф" Клиф.

Гејмплеј

Играта е проширена во серија од нејзината оригинална верзија, што во моментов ги вклучува Counter-strike: Condition Zero, Counter-Strike: Source, Counter-strike: Anthology и Counter-Strike за Xbox. Во играта избирате тим во кој сакате да учествувате. Изборот е помеѓу терористи (Terrorists) или специјалци (Counter Terrorists).

Играчот може да бира еден од осум различни карактери на двете страни , т.е по четири во специјалци и по четири во терористите. Пред почетокот на рундата на играчите им се дава неколку секунди во зоната за купување познато помеѓу кантеристите како (freeze time), и за време на тоа нема активно движење ниту пак пукање од страна на играчите. На некои мапи е дозволено играчот повторно да се врати во зоната за купување или позната како (spawn) и одново да купи опрема или оружје.Откако завршува рундата играчите кој преживеале можат повторно да го користат оружјето кое не го изгубиле во рундатаа , додека пак оние играчи кој загинале почнуваат со стандардното оружје односно пиштол.

На таблата за резултати се покажани поените за секој играч посебно и тоа неговото име , убиства , убиен и неговиот пинг. Исто така на истата е покажано дали играчот е жив или мртов , дали ја носи бомбата (на мапите на кој има бомба) или пак дали е ВИП (на мапите за атентат).

Убиените играчи преминуваат како набљудувачи (spectator) до крајот на рундата , тие не можат да им пишуваат ниту пак да зборуваат со живите играчи , не можат да го променат своето име до почетокот на наредната рунда.Набљудувачите во главно можат да го набљудуваат остатокот од рундата.

Развој

Самата игра Counter-Strike по себе е еден вид на мод бидејќи има свои развивачи и пишувачи на скрипти и модови. Некои модови дозволуваат игра со ботови т.е (играчи од самата игра со вештачка интелегенција).Исто така постојат и други модови за играта како што се на пример GunGame , Surf , Deathmatch , Deathrun , Public ,Zombie како и најпопуларното Clan Wars , секој од овие модови си има соодветни "плугинзи".Исто така може да се менува и интерфејсот на играта со тоа што на играчите им е дозволено по нивни вкус да си ги менуваат моделите , текстурата , звучните ефекти , позадината на играта .

Мамење

Уште од самото излегување Counter Strike стана жртва на така-наречени измамници или уште познати како читери кој користат хакови со цел да постигнат подобар скор во играта на рангираните сервери.

  • Wallhacks му дозволува на измамникот да гледа преку ѕидови. Функционира на тој начин што се гледаат играчите кои во нормални услови не би се гледале зад текстурите на ѕидовите.
  • Speedhacks, со нивна помош измамникот може да се движи многу побрзо од обичен фер играч.
  • Aimbots му помага на измамникот директно да го намери играчот без тој да управува со неговиот маус.
  • Extrasensory perception ESP му дава информации на измамникот за енергијата и оружјето на играчот , како и други корисни информации кој измамникот не би ги знаел без употреба на ESP.
  • Anti-flash and anti-smoke го отстрануваат ефектот на бомба-блиц и бомба-чад.

Valve разви систем за анти-чит кој е познат како (VAC) Valve Anti-Cheat.Доколку играчот игра со чит на таков сервер , ризикува со негово перманентно отстранување од истите сервери.

Издавање

Кога излезе Counter-Strike публикувана од Sierra Entertainment/Vivendi Universal Games, таа доаѓаше во комплет со Team Fortress Classic, Opposing Force онлајн, и Wanted, Half-Life: Absolute Redemption и Firearms mods."

Деветнаесети Јуни 1999 излезе првата бета верзија од Counter-Strike. Верзиите кои не се бета се следниве:[1]

  • Version 1.0: November 1, 2000
  • Version 1.1: March 13, 2001
  • Version 1.3: September 12, 2001
  • Version 1.4: April 24, 2002
  • Version 1.5: June 12, 2002
  • Version 1.6: September 9, 2003

Забелешка: Верзијата 1.6 на играта се совпадна со излегувањето на Valve Software's Steam content delivery system на 12 септември 2003. Сите понатамошни надградби и фиксови на играта играчите ги добиваа автоматски преку Steam. Кратенката 1.6 се користи најчесто за играта да се разликува од нејзините следбеници како што се Condition Zero , Source како и најновата Global Offensive .

Counter-Strike: Source

Counter-Strike има огромна промена во нејзината технологија на први Ноември 2004 кога излезе верзијата Counter-Strike: Source, која беше целосно обновена со нов Valve's Source game engine за подобар графички приказ како и подобрен звучен ефект на играта. Како и да е овој нов дел од играта никогаш не го надмина успехот на првата и легендарна верзија иако во тој период сите сакаа да пробаат нешто ново .

Counter-Strike Online

Counter-Strike Online е достапна во Јужна Кореја, Таjван, Јапонија, Сингапур и Индонезија и е целосно онлајн верзија. Развиена е од страна на Nexon Corporation со соодветна лиценца од Valve Corporation, направена е со цел да се прошири и во Азија .

Counter-Strike: Global Offensive

На 12 август 2011 година беше потврдено дека на повидок е нова Counter Strike која е развивана од страна на Valve Software и Hidden Path Entertainment, и нејзиниот наслов е Global Offensive. Откако излезе играта беше достапна за различни платформи како Xbox 360, PS3 и секако компјутер. Играта беше развиена со цел достојно да биде во конкуренција со големите наслови на познатите Call of Duty како и Battlefield. Првата бета верзија излезе на 30 Ноември 2011 само за оние кој имаа соодветни кодови од "Penny Arcade Expo" и Eurogamer. Бета кодови достапни беа за сите околу Јули 2012 година , а играта излезе во оригинална верзија на 21 Август 2012 . Во 2018 година беше издадена бесплатна верзија со можност да се игра со вистински играчи и со ботови. Подоцна, во декември истата година, играта стана целосно бесплатна.[2]

Наводи

  1. Counter-Strike – CS info » history
  2. „Приказната Counter-Strike: Global Offensive“. DailyBuff (руски). 2019-09-07. Посетено на 2019-09-23.

Надворешни врски