Никола Тесла: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.125.161.12 (разговор), вратено на последната верзија на Luckas-bot
Нема опис на уредувањето
Ред 68: Ред 68:
* [http://www.novosti.co.yu/code/navigate.php?Id=16&status=jedna&datum=2006-06-25&feljton=5313 Фељтон во ''Вечерни новости'' - "''Жените што го љубеа Тесла''".]
* [http://www.novosti.co.yu/code/navigate.php?Id=16&status=jedna&datum=2006-06-25&feljton=5313 Фељтон во ''Вечерни новости'' - "''Жените што го љубеа Тесла''".]
* [http://www2.timesreview.com/SUN/stories/S121109_Tesla_psh Tesla's Wardenclyffe Science Center Plaque]
* [http://www2.timesreview.com/SUN/stories/S121109_Tesla_psh Tesla's Wardenclyffe Science Center Plaque]
* [http://www.nikolatesla.fr/documents.htm NikolaTesla.fr] - More than 1,000 documents on Tesla



{{САД-биог-никулец}}
{{САД-биог-никулец}}

Преработка од 12:47, 30 септември 2011

Никола Тесла
Ги скротив космичките зраци и
ги натерав да придвижат машина
[1]
Роден(а)10 јули 1856
Смиљан, Госпиќ, Австроунгарија
Починал(а)7 јануари 1943
САД Њујорк, Њујорк (сојузна држава), САД
ЖивеалиштеАвстрија (Австроунгарија)
Франција
САД
Полињафизика, механичко инжинерство и електрична енергија
Познат понаизменична струја, асинхрона машина, ротирачко магнетно поле, бежична технологија
Поважни наградиЕдисонов медал (АИЕИ, 1916),
Златен медал на Елиот Кресон (1893),
Медал на Џон Скот (1934)
Меморијален центар во Госпиќ

Никола Тесла (Смиљан, кај Госпиќ, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) бил генијален истражувач и пронаоѓач на полето на Електротехниката и радиотехниката. Роден е во Смилјан, Австроунгарија, а по потекло е Србин. Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

По неговата демонстрација на бежичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во "Војната на струите", тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник [2]. Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инжинерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, [3] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан со приматот луд научник.[4] [5] Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.

Единицата во СИ системот за густина на магнетен флукс или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака ), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.

Покрај неговата работа во областа на електро-магнетизмот и инжинерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теоретската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"[6] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет."[7]

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш нема да го добие ова големо признание.

Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.

Видете исто така

Податотека:Serbian 500din Tesla 1978-a king.jpg Податотека:Serbia 1000din Tesla 1992-a king.jpg Податотека:Serbia 10mlrd Tesla 1993-a king.jpg Податотека:Serbia 5din Tesla 1994-a king.jpg


Белешки

  1. Никола Тесла; Бруклин Игл, 10 јули 1931
  2. Конгрес српског уједињења - текстот е на англиски.
  3. Скротувајќи го тркалото на природата: Теслината наука за енергијата од Томас Валон.
  4. Дејвид Хачер Чајлдрес, "Документите на Тесла: Никола Тесла за слободната енергија и безжичниот пренос на струја". Adventures Unlimited Press, 2000.
  5. Роберт Ломас, "Есеј," Блесокот на Генијот. Independent Magazine, 21 август 1999.
  6. Наслов на биографијата од Роберт Ломас за Тесла.
  7. Зајфер, "Волшебник: Животот и времето на Никола Тесла," кратка содржина на делото.

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA