Четврток (краток филм)
„Четврток“ | |
---|---|
Режисер | Милчо Манчевски |
Сценарист | Милчо Манчевски |
Музика | Игор Василев Новоградска |
Премиера | 28 август, 2013 24 април, 2014 |
Времетраење | 2 минути |
Земја | |
Јазик | Англиски |
Четврток е краток филм на режисерот Милчо Манчевски.
На 28 август 2013 година, на отворањето на седумдесеттото издание на Венецијанскиот филмски фестивал, во рамки на специјалниот проект „Future Reloaded“ за првпат е прикажан краткиот филм на Манчевски под наслов „Четврток“, кој по премиерата е поставен на мрежното место на Манчевски, како и на „„Јутјуб““, каде во првите три дена го видоа дури 15 000 гледачи. Исто така, по завршувањето на фестивалот во Венеција, филмот е поставен и на официјалното мрежно место на овoј фестивал. Најпосле, филмот е прикажан на италијанската радиотелевизија „РАИ“, на каналот посветен на кинематографијата, и тоа во рамки на емисијата за седумдесеттиот јубилеј на фестивалот во Венеција.
Филмот „Четврток“ е снимен според сценариото на Манчевски, а продуцент е Арон Левин. Во главната улога настапува Лора Ласи, директор на фотографијата е Уна Ли, монтажата е дело на Питер Мостерт, а музиката ја компонирал Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и претставува американска продукција.