Хомологија (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предните екстремитети кај цицачите се пример за хомологија.

Хомологиите се анатомски или генски одлики на различни организми кои имаат сличен изглед или функција бидејќи се наследени од заеднички предок кој исто така ги поседувал. На пример, предните екстремитети на волкот, крилата на птицата и човечката рака ги имаат истите функционални типови на коски, исто како што ги имал и заедничкиот влекачки предок на овие три групи животни. Значи, овие коски се хомологни структури. Колку повеќе хомологии поседуваат два организми, толку е поверојатно дека тие имаат блиско генетско сродство.

Меѓутоа, neможе да постојат и нехомологни структурни сличности помеѓу видовите. При вакви случаи, заедничкиот предок не ги имал истите анатомски структури како своите наследници. Сличностите кои се јавуваат кај наследниците се резултат од независен развиток во новите сепаративни еволутивни линии. Такви збунувачки сличности се нарекуваат хомоплазии. Хомопластичните структури може да се должат на паралелизам, конвергенција, аналогија или од спонтаност.