Хилперик I (крал на Франките)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хилперик I
« Хилперик, крал на Франција » од Жан Дасие (1676-1763). Биста на кралот Национална библиотека на Франција.
Крал на Орлеан
Роден(а)525-527[1]
Починал(а)септември 584
Шел (Франција)
СопружнициОдовер
Галсвинта
Фредегонда
ДецаТеодеберт (околу 552-575)
Меровех (553/556-577)
Базина (555/564-?)
Хлодовик (околу 557-580)
Клодеберт (565/570-580)
Ригонда (v. 569-589)
Самсон (575-577)
Дагоберт (580)
Теодорих (582-584)
Хлотар II (584-629)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХлотар I
МајкаАрнегонда

Хилперик I (роден меѓу 525 и 527,[2] починат меѓу 20 и 28 септември 584 во Шел)[3] — втор по ред крал на Соасон од династијата Меровинзи.

Тој е внук на Хлодовик, крал на Франките, и син на кралицата Арнегонда и на Хлотар I, кого го наследува од 561 до 584. За неговото владеење се знае благодарение на Десет книги по историја, хагиографија напишана од владиката Григориј Турски, каде тој раскажува за владеењето на « добрите » и на « лошите » кралеви. Во овие раскази, тој зборува за супериорноста на духовната моќ (аукторитас) која ја имале владиците а разлика од минливата моќ (потестас) што ја имале кралевите.[4]. Поради оваа причина, владиката од Тур му се спротивставува на Хилперик кога овој ги суди владиците чие достоинство е супериорно[5].

По смртта на Хлотар I, Хилперик го наследува најмалиот дел од кралството на Франките. Таквата поделба создала големо соперништво меѓу браќата, синови на Хлотар, кои претендирале да го имаат целото кралство. Хилперик започнал граѓанска војна која била прекината по обединувањето на regnum Francorum од страна на неговиот татко, поради фактот дека тој не можел да ги добие Тур и Поатје во тек на поделбата, коишто градови татко му ги држел до 511. Зближувањето на Австразија со Аквитанците и со Вииготите исто така му послужило како мотив а војна. Затоа во обид да го проширува кралството се борел со браќата а смртта на двајца од нив му овозможила територијално да се прошири.

Хилперик бил еден од последните меровиншки кралеви кои владееле во апсолутна монархија врз своите поданици[6], пред моќта да премине кај благородниците.

Сите претходни негови синови умреле или од епидемии или пак биле убиени, освен еден, Хлотар, кој се родил in extremis пред тој да биде убиен во Шел, во тек на некој лов. Неговото кралство тогаш било сочувано од страна на кралицата Фредегонда, и неговиот полубрат Гунтрам, кои го заштитиле кралството додека синот на Хилперик бил малолетен.

Личноста на Хилперик[уреди | уреди извор]

Кралот Хилперик е опишан од неговиот современик Григориј Турски како « Нерон и Ирод на нашето време ». Тој го претставува како човек алчен по богатство, поради кого страдале оние што го имале. Според него, нему задоволство му било да ги уништува посевите, да ги измачува сиромашните и да им прави проблеми на свештениците. Сепак треба да се напомене дека владиката Гигур се увствувал јавно понижен на синодот во Берни каде морал да се појави за да биде суден дека ја клеветел Фрегедонда[7]. Хилперик дури во своите наредби наменети до судиите напишал и дека очите ќе им ги извади на оние кои не водат сметка за неговите почести. На тоа, Григориј, по смртта на кралот додал дека тој никогаш никој не сакал ниту пак тил сакан од некого.[8].

'Свети Григориј, владиката од Тур, и Свети Салв, владиката од Алби, пред Хилперик I. Големите Хроники на Франција од Шарл V, 15 век. Париз, Национална библиотека на Франција.

Една сосема друга визија за личноста на Хилперик се покажува во стиховите на поетот Венанс Фортунат, исто така негов современик, кој го прикажува како учен човек и го слави како сјаен војсководец и законодавец.

Етимологија на името[уреди | уреди извор]

Хилперик означува « крал спасител[9] » или « моќна помош[10] ». Тоа е франкиско, горногерманско име во кое се состоел гласот “х“[11], составено од зборот hilp[note 1] (помош) и зборот ric (водач, моќен)[12] кое име Венанс Фортунат на латински го преведува како Adjutor fortis (храбар помошник)[13]". Тој уште се нарекува и Хилперикус од страна на Мариус од Аванш[14] и Пол Диакр[note 2].

Неговото име веројатно му било дадено на тригодишна возраст, минималната возраст за да се добие крштевање. Морталитетот кај новороденчињата на тоа време бил толку голем што тие не ги крстеле веднаш, туку по неколку години со цел да видат дали ќе преживеат или не. Неговото име, кое веќе го носеле бургундските кралеви кои се татко и прачичко на Клотилда, веројатно и се должи на истата[9]. Кралицата Клотилда сè уште била жива во времето кога се родил Хилперик а крштевањето веројатно било извршено во градот Тур кој тогаш му припаѓал на Хлотар, каде што живеела и кралицата а воедно и бургондските владици Прокул, Теодор и Дифинус, прогонети од аријанците[15].

Воспитание во духот на франкиските кнезови[уреди | уреди извор]

Тој најверојатно се стекнал со добра едукација, која владиката од Поатје, Венанс Фортунат, ја опишува со следниве зборови« Врз вас, умна главо, надвиснаа сите грижи на вашиот татко[16] ». Тоа било дополнето и со учењето за ракување со оружје, јавање, како и читање и пишување. Тој зборувал франкиски, латински, а веројатно имал познавања и од грчкиот јазик.[17] и хебрејски, благодарение на контактите со Евреите во неговиот дворец.

Ја научил вештината на војувањето во тек на ловот каде ги вежбал основите за битка, подготвувајќи се за идните воени походи[18]. Кога пораснал (на возраст од 15 години) учествувал во војните аедно со татко му. Пролетта 542, го придружува својот татко аедно со двајцата свои полубраќа во воен поход против Визиготите, со кои се здружил неговиот чичко Хилдеберт I. Тие извршиле опсада врз Сарагоса.

Меѓу 542 и 552, се оженил со Одовер « неговата прва кралица [19] », веројатно од скромно потекло[20]. Со Сигеберт I, го придружува својот татко во војната против Саксонците, најверојатно поттикнати од Хилдеберт I, додека неговите други полубраќа Хариберт и Гунтрам, се упатуваат кон Оверњ за да го заробат Храмн. После масакрот на двете војски, бил договорен мир а Хлотар се упатил кон Турингија, со цел да води воен поход на одмазда против жителите кои ги поддржале Саксонците.

Околу 535, Хилдеберт I му одговара на императорот Јустинијан, кој го прашувал за народите врз кој тој владеел, со следниве зборови: « …нашето владеење се протега од брегот на океанот па сè до Дунав и до границите на Панонија, опфаќајќи ја Италија, Саксонците и Еуциите, кои по своја волја се предадоа на нас ».[21]. Во ноември или декември 560, тој учествува во нападот против Храмн и грофот Кономор од Думнонија[13]",[22].

Наследството на Хлотар I[уреди | уреди извор]

Државниот удар на Хилперик[уреди | уреди извор]

Хилперик I ја стекнува милоста на моќниците. Ракопис од 15 век. Големи хроники. Париз, Национална библиотека на Франција.

Хлотар I со мака го обединил франкиското кралство на Хлодовик I, но не го поделил кралството пред својата смрт која се случила во 561. Неговите синови отишле да го закопаат во Соасон, во базиликата Св. Марија[23] што тој почнал да ја гради врз гробот на Св. Медар[24].

Во германската традиција, начинот на наследување на престолот, танистрија (келтски назив за наследство), се прави меѓу браќата, од постариот кон помалиот, потоа на чичковците и на внуците[25]. Бидејќи не бил произлезен од истиот брак како другите кнезови[26], овој систем би го ставил Хилперик во понезавидна положба во моментот на делбата според салискиот закон спротивен на наследството од татко на најстариот син, како кога владеела капетинската династија, кралството е поделено меѓу онолку синови колку што имал кралот, за секој да може да владее. Делбата на франкиското кралство изродува посебни поткралства (телрајхи) каде секој кнез си владеел посебно без да ја дели моќта со останатите кнезови во едно исто кралство[27].

Со помош на антрустионите (елитни воини кои биле дел од привилегираната гарда на кралот, поврзани со специјална заклетва [note 3]), Хилперик доаѓа до богатството на палатата во Берни. Местото каде се наоѓала таа палата не е утврдено: можно е да се однесува на villa Bernacum од Берни-Ривиер на 16 км од Соасон или пак на villa од Брени (во местото наречено Ле Мартоа) на 24 км. Со употреба на сила, тој стигнал до богатствата кои ги собирал татко му [23]. Го искористил за да ја купи верноста на одредени благородници и да го окупира Париз, заземајќи го замокот на неговиот чичко Хилдеберт I заедно со дел од неговото кралство[28] Сепак, неговите полубраќа Хариберт, Гунтрам и Сигеберт го принудиле да ја почитува делбата.

Втората поделба на Regnum Francorum (561)[уреди | уреди извор]

Поделбата на кралството на Хлотар I меѓу неговите четири сина. Сцената се одвива во Ил-де-ла-Сите. Големи хроники на Франција, Жан Фуке, Тур, околу 1455-1460. Париз, НБФ.

Кралството значи повторно е поделено на четири според « вообичаената делба » а судбината [note 4] на Хилперик му ја доделува територијата на предците на Меровинзите, « кралството на Хлотар » со престолнина во Соасон[29]. Неговата територија се наоѓа меѓу Турне и Пикардија. Кралството веројатно се состоело од градовите Теруан, Турне, Арас, Камбре, Амјен и Ноајон. Овој тилрајх, најсиромашен во фиск (земја, шума или рудник кој припаѓа на круната[30]), нема ниту ресурси ниту активни граници кои нудат перспективи за освојување[31].

Поделбата на кралството на Париз (567-568)[уреди | уреди извор]

По смртта на Хариберт I, на 5 март 567, бидејќи овој немал машки наследник, Гунтрам, Сигеберт и Хилперик се раскарале околу наследството.

Кралството на Франките во 567 после поделбата на кралството на Париз.

Делбата на кралството била направена во 568 [32] а градот Париз го оставиле неподелен. Даночните приходи биле делени на три дела и секој крал се заколнал дека нема да влезе во градот без согласност на останатите двајца браќа [33]. Реката Сена и Марна го делат civitas Parisiorum (на лат. градот Париз) на три речиси еднакви дела кои одговарале на трите епархии на старата паришка диоцеза. На Хилперик веројатно му припаднала големата епархија, која се наоѓала северно од десниот брег на Марна и горниот тек на Сена [34].

Во провинцијата на Ремс, која останува сопственост на Сигеберт, тој го земал градот Бове но не го емал Соасон кој останал во сопственост на кралот на Мец Ја добил црковната провинција на Руен со диоцезите Кутанс, Баје, Лизје, Евре, но не и Се и Авранш за кои дискутабилно е на кој му припаднале бидејќи биле предалеку за да бидат под контрола на Сигеберт иако ги поседувал, а да не потпаднат под влијание на Хилперик.[35]. Тој исто така ги добил и диоцезите Ван, Нант, Ле Ман, Анже и Рен, градови кои одговараат на провинцијата Тур, град кој му бил доделен при поделбата на Сигеберт I[36]. Новите граници на кралството одговараат на она што во 5 век се нарекува « Неустрија или Neuster[37] »[38] (ново кралство на Запад[39]), кралство кое во тек на делбите на Regnum Francorum ќе се испреплетува со Австразија и Бургундија. Бидејќи градот Руен играл политичка улога[40], можно е во истиот Хилперик да ја има преместено својата престолнина, после губењето на Соасон. По проширувањето неговото кралство почнува да се грании со Бретања и со визиготското кралство. Сепак, со тоа што градовите Тур и Поатје му се доделиле на Сигеберт Хилперик бил спречен да ги поврзе своите имоти на север со оние што ги имал на југ [41]

Брак и потомци[уреди | уреди извор]

Хилперик најпрво околу 549 се оженил со Одовер († убиена во 580) која ги родила :

  • Теодеберт (или Тиберт) (v.552 † 573), постариот син[42], победен и убиен од страна на војводите Годжизел и Гунтрам Бозон кога овој ја опустошил Турена, која била во сопственост на неговиот чичко Сигеберт I ;
  • Меровех, роден меѓу 553 и 556[note 5] († 577), женет со Брунехилда (вдовицата на Сигеберт I), неговата тетка, кој бил ошишан а потоа или убиен или пак се самоубил од страв од неговиот татко ;
  • Базина, родена меѓу 555 и 564[43], силувана од луѓето на Фредегонда после смртта на Хлодовик, потоа се закалуѓерила во опатијата Св Крст од Поатје ;
  • Хлодовик (553/557 † 580)[note 6], убиен по наредба на Фредегонда ;
  • Хилдесинда [44]", чие постоење не е сигурно бидејќи таа не е цитирана од Григориј Турски туку само во Liber Historiae Francorum, век и пол подоцна.
Хилперик и Фредегонда на коњ. Големите хроники на Франција, 1375-1379. Општинска библиотека од Кастр.

Во 568, Хилперик се оженил со Галсвинта, ќерката на Атанагилд крал на Визиготите, и сестра на Брунехилда[45]). Таа брзо влегува во конфликт со својот маж поради врската што тој ја одржува со Фредегонда, бара враќање во Хиспанија и најдена е задавена во својата постела.

По третпат, Хилперик се оженил со Фредегонда († 597), по потекло веројатно од поскромното благородништво, како што сугерира Григориј Турски. Од овој брак се родени:

  • Клодеберт роден околу 565/570, умрен од дизентерија во исто време кога и брат му Дагоберт во 580 ;
  • Ригонда (v. 569 † 589), верена со кнезот Рекаре. Кога конвојот кој ја водел кон Хиспанија чул за смртта на татко и, нејзината придружба ги ограбила богатствата од конвојот и ја оставиле. Таа побегнала во палатата на мајка и и потоа водела развратен живот;
  • Самсон, роден во 575, умрен од дизентерија во 577 ;
  • Дагоберт, роден во 580, умрел од дизентерија во исто време кога и брат му Клодеберт, во 580 ;
  • Теодерик, роден во 582, умрен од дизентерија во 584 ;
  • Хлотар II (584 † 629), крал на Неустрија, а потоа и на сите Франки.

Револтот на Меровех[уреди | уреди извор]

Во 576, за да ги поврати своите територии кои ги загубил за време на граѓанската војна, кралот го испратил грофот Роколен да го освои Тур а својот син Меровех во Поатје. Меровех, сепак се упатил кон Тур каде ги минал велигденските прослави. Оттука се упатил во Руен за да се сретне со мајка му, кралицата Одовер. Во Руен се оженил со вдовицата на чичко му, Брунехилда, со благослов на владиката Претекстат. Со тоа што кралицата Фредегонда му родила син на кралот на Соасон, Меровех со ваквата одлука веројатно се обидел да си даде себеси легитимитет за да го наследи престолот на Австразија и да се заштити од својата маќеа Фредегонда, која може да го фавориира својот син Самсон за наследник на неустразискиот престол. Што се однесува пак до Брунехилда, таа попрво била согласна на еден ваков брак отколку да се лиши од моќта што ја имала како кралица и да биде испратена во манастир.[46]. Кралот отишол во Руен каде брачниот пар побегнал со намера да бара право на азил, во некоја дрвена црква посветена на св. Мартин, која се наоѓала на врвот на тврдината. Кога стигнал на местото, Хилперик се аколнал дека нема да ги раздели Меровех и Брунехилда иако бракот го прекршувал канонскиот закон и им понудил гест на помирување: разменети бакнежи и споделен оброк. Кралот потоа заминал од Руен заедно со Меровех, погазувајќи си го зборот и оставајќи ја Брунехилда сама [47].

Кога се вратил во престолнината видел дека војска управувана веројатно од војводата Лу го нападнала Соасон [48] Војводата Лу, близок до Брунехилда, можеби за таквата постапка добил наредби од Руен. Тогаш кралот почнал да се сомнева и гледајќи предавник во својот син, го лишил од неговите војски, му го одземал рангот на слободен човек и секакво право на наследство.[49].

Потоа Хилперик се опкружил со други личности, меѓу кои Раушинг, кој можеби му бил син на Хлотар I, кој го прогласил за војвода на Соасон[50] а Фредегонда станала советничка.

Синодот во Париз (577). Гијом Кретен, Француски хроники, 15 век (после 1515). Франција, Руен.

Пролетта или летото 576, Меровех бил ошишан и затворен во манастирот Сен-Кале, близу Ман [51]. Брунехилда, нејзините ќерки и нивното богатство биле испратени во Австразија. Меровех избегал од манастирот, со помош на другарите во базиликата, за да се сретне со Гунтрам Бозон во Св. Мартин во Тур. Тој со денови поминал во базиликата молејќи за прошка. Додека тој се криел во базиликата, другарите барале поддршка за Меровех од незадоволните поданици на кралот подготвувајќи се за бунт. Меровех, заедно со Гунтрам Бозон и петстотини војници се обидел да стигне до Брунехилда но бил заробен во Осер од страна на војводата Херпо. Кога Хилперик побарал негова екстрадиција, тој успеал да побегне. Кога стигнал во Австразија, Меровех бил отфрлен или од Брунехилда или пак од големците кои не сакале да имаат проблеми со кралството на Соасон или пак не сакале да му остават можност во иднина да го бара правото на престолот.[52]. Кнезот тогаш побегнал во околината на Ремс благодарение на поддршката на војводата Лу. Судски црковен синод бил свикан во Париз во 577 за да му се суди на владиката Претекстат. Присуствувале 55 владици кои го осудиле Претекстат што дозволил инцестуозен брак, што дал поддршка на узурпатор и дека искористил дел од богатството на Брунехилда за да ги поткупи поданиците на кралот. Со цел да добие прошка од кралот, Претекстат се изјаснил за виновен. Бил испратен во затвор а потоа и во прогон на некој остров.[53]. Осомничен за соучешништво со Меровех, Григориј Турски бил осуден но после неговото негирање на обвиненијата, успеал да се помири со кралот.[54].

Била испратена војска во Шампања со мисија да го зароби Меровех, но таа експедиција пропаднала. Меровех кој имал симпатизери во кралството на Соасон, кон крајот на 577, добил порака дека градот Теруан му станал сојузник. Тој тогаш собрал војска и тргнал накај градот. Кога стигнал, таму го чекале луѓето на кралот. Фатен во стапица, од страв дека ќе биде измачуван како предавник, кнезот побарал еден од неговите другари, да го убие во име на пријателството, што и било сторено од страна на Гаилен [55]. Ова самоубиство не се чини веројатно бидејќи таа практика била забранета во 6 век од страна на католичката Црква, иако античката литература открива бројни такви примери кога личности од висока положба биле втурнати во смртта поради некој тиранин[note 7]. Григориј Турски бележи дека самоубиството на Меровех е државна лага и дека неговата смрт била нарачана од Фредегонда Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>..

Елиминација на децата на Одовер[уреди | уреди извор]

Смртта на Клодоберт во Соасон од Албер Мењан. Стари приказни од татковината, 1887.

Епидемија на дизентерија пустошела во Галија. Во Париз од неа умреле младите кнезови Клодоберт и Дагоберт, деца на кралицата Фредегонда. Прво умрел Дагоберт и бил погребан во базиликата Сен-Дени. Клодоберт бил однесен во Соасон во базиликата Св. Медар но и покрај молитвите, детето не било спасено. Тој бил закопан во базилика во Соасон.[56] ·[57].

Хлодовик, последниот син на Одовер се фалел дека тој ќе биде единствениот наследник на престолот, ја навредувал Фредегонда и се заканувал дека кога ќе дојде време ќе и се одмазди. Фредегонда била убедена во неговото проклетство и дека тој е виновникот за смртта на нејзините синови, наводно поради проклетство нарачано од страна на Хлодовик а извршено од некоја слугинка во која тој бил вљубен. Слугинката била тепана, косата и била исечена а мајката на слугинката била измачувана за да ги признае гревовите а кои биле осомничени. Тогаш, кралицата го обвинила Хлодовик кај кралот за предавство. Хлодовик бил заробен во тек на некој лов. Бил доведен пред кралицата да го признае заговорот што тој одбил да го стори. Три дена подоцна кралицата наредила да го однесат во некоја куќа од другата страна на Марна каде бил убиен со нож и закопан [58]. Гласниците на кралот му јавиле дека кнезот се самоубил.

Дури многу подоцна, после смртта на Хилперик, Хлодовик и брат му Меровех биле акопани на христијански начин. Гунтрам наредил да се најде телото на Хлодовик кое било фрлено во Марна, откако прво било најдено телото на Меровех. Посмртните останки ги познале по долгата коса која била обележје на кралевите од тоа време. Нивните тела биле пренесени во црквата Св. Винсент во париз каде биле и погребани.[59].

Фредегонда тогаш наредила да биде убиена и мајката на Хлодовик, Одовер. Базина, последната ќерка на Одовер била силувана од слуги на кралицата. Со тоа тие кнегината ја лишиле од можност да се омажи. Потоа таа била затворена во манастирот Св. Крст од Поатје кај Радегонда и ќерките на Хариберт I[60].

Смртта на кралот[уреди | уреди извор]

Убиството на Хилперик I. Романот за лисицата 14 век (после 1314). Франција.

Меѓу 20 и 28 септември 584[61], некое време после заминувањето на неговата ќерка, Хилперик бил убиен во Шел после една партија лов. Ноќта, додека еден од неговите слуги му помагал да се симне од коњот, некој човек кој се викал Фалко[62] ·[63], го убил со нож [64]. Убиецот успеал да побегне и не бил пронајден. Сомнежот паднал на Брунехилда [62]. Сто четириесет години подоцна, една легенда ја обвинува фредегонда за убиството [65] бидејќи наводно таа вршела прељуба со мајордомот кој се викал Ландерик (Landericus) кого Григориј Турски не го споменува но е споменат во 7 векref>Vita Gaugerici episcopi caramacensis, 9 ; Krusch (1896), p. 655.</ref>. Оваа верзија не е толку веројатна бидејќи со губењето на кралот Фредегонда ја изгубила и својата поддршка (mudium)[66], оставена на милост и немилост на соперниците. Згора на тоа, ландерик бил мајордом под власт на Хлотар II и истиот се споменува дури после 603[67]. Една друга верзија зборува дека Гунтрам бил нарачател на убиството кој секогаш ја играл улогата на баланс или помирувач на завојуваните браќа, Сигеберт и Хилперик. Но и тоа е тешко веројатно со оглед на сведоштвата во пишувањата на Григориј Турски кој напишал дека тој ја оплакувал смртта на својот брат [68]. Хилперик бил закопан со кралски почести, во саркофаг а на неговиот гроб пишувало « Rex Chilpericus hoc tegitur lapide » (« Под овој камен почива кралот Хилперик »)[69]. Исплашена, Фредегонда побегнала во катедралата на Париз и не присуствувала на погребот на својот маж [70] Последниот син на Хилперик тогаш бил крстен во Хлотар откако неговиот чичко Гунтрам и собирот на благородниците го признале како наследник на Хилперик [71]. Тој станал крал кога имал само 4 месеци, оставен под туторство на мајка му Фредегонда и во заштита на Гунтрам, крал на Бургундија, кој го земал и кралството на Париз.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Armand (2008), p.317.
  2. name="armand317"
  3. name="Armand,192"
  4. Magnou-Nortier (1997), pp.153-156.
  5. Dousse (1939), pp. 223-224.
  6. Armand (2008), стр. 12.
  7. Dumézil (2008), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  8. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre VI, 46.
  9. 9,0 9,1 Armand (2008), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  10. Feffer et Périn (1987b), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article130.
  11. Ivan Gobry, Les premiers rois de France : la dynastie des mérovingiens, collection « Documents d’Histoire », éditions Tallandier , 1998, p.|34.
  12. Ivan Gobry, Clotaire II, collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.|232.
  13. 13,0 13,1 name="Fortunat,IX,1
  14. Chronique. Manuscrit unique L (sp-|IX|e|-|X|e), Mommsen (1894), p.|231 ; Favrod (1993), p.|49.
  15. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre X, 31.
  16. Venance Fortunat, Carmina. IX, 1, v.33.
  17. Monod (1872), p.|113.
  18. Armand (2008), p.|39.
  19. name="IV,28"
  20. Armand (2008), p.|53.
  21. Armand (2008), p.|67. .
  22. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre IV, 20.
  23. 23,0 23,1 Ivan Gobry, Clotaire II, collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p. 12.
  24. Григориј Турски, Историја на Франките, книга IV, 19, 21, 54.
  25. Rouche (1996), p. 233.
  26. Lot (1948), p. 65 ; Rouche (1987), p. 256 ; Rouche (1988), p. 285.
  27. Armand (2008), стр. 72.
  28. "Dumézil,108-109".
  29. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre IV, 22.
  30. Dumézil (2008), p. 93.
  31. Dumézil (2008), p. 110.
  32. "Andelot,IX,20"
  33. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre VI, 27 ; VII, 6.
  34. Longnon (1878), p. 157.
  35. Armand (2008), p. 101.
  36. Armand (2008), p. 88.
  37. Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, p. 37.
  38. Jonas de Bobbio, Vita Colombani, I, 24.
  39. Geary (1988), p. 145.
  40. Barbier (1990), p. 260.
  41. "Armand,90".
  42. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre IV, 47.
  43. Armand (2008), p.|65.
  44. name="LHF,31
  45. Dumézil (2008), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  46. Dumézil (2008), p. 187.
  47. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre V, 2.
  48. name="V,3".
  49. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre V, 13.
  50. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre V, 3.
  51. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre V, 14.
  52. Dumézil (2008), p. 191.
  53. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre VII, 18 ; Fastes, II, p. 206.
  54. Dumézil (2008), p. 192.
  55. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име V,18.
  56. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име V,34.
  57. Reinnold Kaiser, Aspects de l'Histoire de la civitas suessionum et du diocèse de Soissons aux époques romaine et mérovingienne, 1974, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article121.
  58. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre V, 39.
  59. Dumézil (2008), p. 223.
  60. Dumézil (2008), p. 201.
  61. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Armand,192.
  62. 62,0 62,1 Chronique de Frédégaire, III, 93.
  63. Monod (1885), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article113.
  64. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ReferenceA.
  65. Liber Historiae Francorum, 35.
  66. Georges Tessier, Le baptême de Clovis, Gallimard, 1964, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article267.
  67. Chronique de Frédégaire, IV, 25, 26.
  68. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre VII, 5.
  69. Armand (2008), p.197.
  70. name="Dumézil,214"
  71. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre VII, 7.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Hilf на германски, help на англиски. Ivan Gobry, Clotaire II, collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.|232.
  2. Histoire des Lombards. Variantes en Helpericus, G1 (Предлошка:S-) et G2 (Предлошка:S-) ; Ilpericus, B1 (Предлошка:Sp-) et A2 (Предлошка:S-) ; Chilpericus, A2 (Предлошка:S-).
  3. « Антрустионот на кралот му полага заклетва на верност ставајќи ги своите дланки на дланките на својот владетел дека со живот и со оружје ќе му служи на кралот како лична елитна гарда. Feffer et Périn (1987b), pp. 18, 39, 41.
  4. Според Фредерик Арман, на латински latin, sors, sortis во ж.р, е полисемичен збор. Може да значи судбина : влечење на среќа, ждреб ; но исто така и делба : дел, парче... Во м.р со голема буква, Sors, Sortis оначува судбина. Chilpéric Ier, le roi assassiné deux fois, La louve éditions, p. 74
  5. « Ако во моментот кога се женел имал 20 години, би е роден во 556. [...] Ако имал 15 години во 568, би е роден во 553 ». Ewig (1974), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article. « Меровех сигурно бил многу млад во 573 ». Settipani (1990), p.|90.
  6. Во моментот кога командувал со трупите кои ги водел на поход против градовите Поатје и Тур во 572, кнезот Хлодовик имал најмалку 15 години. Значи роден е помеѓу 553 и 557. Armand (2008), pp.|53, 65.
  7. Бруно Димезил цитира така дека филозофот Сенека бил приморан да се самоубие поради Нерон, а Григориј Турски во својата 6та книга по историја, поглавје 46, тврди дека Хилперик е « Нерон на нашето време ». Bruno Dumèzil La reine Brunehaut, Paris, Éditions Fayard, 2008, p. 193.

.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Историски романи[уреди | уреди извор]

Примарни извори[уреди | уреди извор]

  • Karl Fr. Pertz, Monumenta Germaniae Historica, Diplomata regum francorum e stripe Merowingica, Hanovre, 1872 а уредување статија
  • Bruno Krusch, Monumenta Germaniae Historica..., t.III, Passionnones Vitaeque sanctorum aevi merovingici et antiquiorum aliquot, Hanovre, 1896 а уредување статија
  • Karolus Strecker, Monumenta Germaniae Historica, Poetae latini, t.IV, fasciculus 2 et 3, Berlin, 1923 а уредување статија
  • Grégoire de Tours (trad. Robert Latouche), Histoire des Francs, Les Belles Lettres, coll. « Les Classiques de l'histoire de France au Moyen âge, 27-28 », Paris, 1963 2 tomes, réédition 1995 а уредување статија
  • Venance Fortunat (trad. Marc Reydellet), Poèmes
- Tome I : Livres I-IV, Les Belles Lettres, 1994 ISBN 2-251-01374-1 ;
- Tome II : Livres V-VIII, Les Belles Lettres, 2003 ISBN 2-251-01406-3 а уредување статија ;
- Tome III : Livres IX-XI, Les Belles Lettres, 2004 ISBN 2-251-01434-9 а уредување статија

Второстепени извори[уреди | уреди извор]

Дела[уреди | уреди извор]
- Tome 1 : À la conquête de la Gaule, 1987a ISBN 2-200-37080-6 ;
- Tome 2 : À l'origine de la France, 1987b ISBN 2-200-37072-5 а уредување статија
  • Patrick J. Geary, Naissance de la France : le monde mérovingien, édition Flammarion, 1989 (traduit de Before France and Germany : The Creation and Transformation of Merovingian World, Oxford University Press, 1988) ISBN 978-2-08-081274-2 а уредување статија
  • Jean Gaudemet et Brigitte Basdevant, Les canons des conciles mérovingiens ( ), 2 tomes, Le Cerf, 1989 а уредување статија
  • Odette Pontal, Histoire des conciles mérovingiens, Le Cerf, 1989, Institut de Recherche et d'Histoire des Textes (CNRS) а уредување статија
  • Franz Brunhölzl, Histoire de la littérature latine du Moyen-Âge, t.I/1 - L'époque mérovingienne, Université Catholique de Louvain, Institut d'Études médiévales Louvain-La-Neuve, Brepols, 1990 а уредување статија
  • Stéphane Lebecq, Les origines franques, , Seuil (Nouvelle histoire de la France médiévale, 1), 1990 ISBN 2-02-011552-2 а уредување статија
  • Justin Favrod, Texte, traduction et commentaires de La chronique de Marius d'Avrenches (455-581), Lausanne, Cahiers lausannois d'histoire médiévale, 1993, Предлошка:2e édition а уредување статија
  • Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4.
  • Michel, Rouche (1996). Éditions Fayard (уред.). Clovis. ISBN 2-213-59632-8. а уредување статија
  • Jean-Charles, Volkmann (1999). Bien connaître les généalogies des rois de France. Éditions Gisserot. ISBN 2-877472086.
  • Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, éditions Fayard, Paris, 2008 ISBN 978-2-213-63170-7 а уредување статија
  • Frédéric Armand, Chilpéric Предлошка:Ier, le roi assassiné deux fois, La louve éditions , 2008 ISBN 978-2-916488-20-2 а уредување статија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Хилперик I (крал на Франките)
Роден(а): 539 Починал(а): 584
Претходник
Хлотар I
Крал на Соасон(Неустрија)
561–584
Наследник
Хлотар II