Ханс Фриче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ханс Фриче
Роден 21 април 1900
Бохум, Германија
Починал 27 септември 1953
Келн, Германија

Ханс Фриче (Бохум, 21 април 190027 септември 1953),— популарен радиокоментатор на кој на Нирнбершкиот процес му било судено наместо тогаш веќе покојниот Гебелс. Бил ослободен од оптужбата. Фриче бил еден од трите нацистички фигури кои биле ослободени на судот. Роден е во Бохум (Рурска област). На 1 мај 1932 година се зачленил во Националсоцијалистичка германска работничка партија на Германија. Бил важен член во Гебелсовото министерство. На денацификациските судови бил осуден на девет години затвор, од каде што бил пуштен во 1950 година. Умрел од рак нешто по неговото пуштање од затвор.