Франс Емил Силанпе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франс Емил Силанпе
Frans Eemil Sillanpää
Роден/а16 септември 1888(1888-09-16)
Хаменкјуре, Финска
Починат/а3 јуни 1964(1964-06-03) (возр. 75)
Хелсинки, Финска
ЗанимањеПисател
НационалностФинец
Значајни наградиНобелова награда за литература

Франс Емил Силанпе (16 септември 1888, Хајменкире — 3 јуни 1964, Хелсинки, Финска) — фински романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1939 година за ретката сила на неговата поетска вообразба со која ги споил интелектуалната љубов и свежиот творечки стил.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од сиромашно селско семејство. И покрај ограничените можнсти, родителите успеале да издржат за да го заврши средното образование. Со добротворни средства Силанпе се запишал на Универзитетот во Хелсинки во 1908 година, каде што изучувал природни науки. Уште како студент објавувал раскази во разни периодични изданија. Во 1913 година го напуштил универзитетот и се вратил во родното место за да се занимава со литературна дејност.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот негов роман „Сонце и живот“ излегол во 1916 година. Значајно постигнување бил романот „Света беда“, во кој се изнесуваат трагедијата во Граѓанската војна во Финска во 1918 година и страдањата на писателот како резултат на ужасната војна. Објективно и непристрасно Силанпе ги опишувал драматичните настани од финската историја, проникнувајќи длабоко во националната психа. По појавата на романот, владата му обезбедила доживотно издржување.
Во дваесеттите години, Силанпе објавил збирка раскази „Хилту и Ригнар“ (1923), „Исповед“ (1928) и други. Меѓународен углед стекнал со романот „Луѓе во летната ноќ“ (1934), посветен на природата, животот и моралот во неговата земја, изнесен со интелектуална проникливост и со лирска мекост.
Од 1940 до 1943 година паднал во депресија и лежел во болница, каде што ги пишувал творбите „Август“ и „Убавината и бедата на животот“, исполнети со песимизам и автобиографски белези. Автор бил на мемоари. Тој бил најзначајниот писател во финската литература во првата половина на 20 век.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010