Ференц Молнар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ференц Молнар (уунгарски: Ferenc Molnár) (12 јануари 1878, Будимпешта1 април 1952, Њујорк) — унгарски писател и театарски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ференц Молнар во 1941 г.

Ференц Молнар потекнува од угледно еврејско семејство. Неговото оригинално презиме било Нојман (Neumann), а татко му бил познат физичар. По професија бил правник. За време на Втората светска војна, Молнар емигрирал во САД за да го избегне нацистичкиот прогон на Евреите. Молнар се женел трипати, и тоа: најпрвин со Маргит Веси (Margit Vészi), со која бил во брак од 1906 до 1910 година; од 1922 до 1925 година бил во брак со Сари Федак (Sári Fedák), а од 1926 до 1952 година, негова сопруга била Лили Дарваш (Lili Darvas).

Творештво[уреди | уреди извор]

Молнар пишувал драми и романи. Неговите драми биле популарни и се изведувале на сцените ширум Европа. Позначајни негови дела се романите и повестите: Децата од Павловата улица, Гладниот град, Крадци на јаглен итн.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Глигор Поповски, "Приод кон делото Децата од Павловата улица од Ференц Молнар", во: Ференц Молнар, Децата од Павловата улица. Скопје: Наша книга/Македонска книга/Култура/Мисла/Детска радост, 1990, стр. 153-155.