Трејси Чепмен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трејси Чепмен
Трејси Чепмен на ТЕД конференцијата 2007
Животописни податоци
Родено имеТрејси Чепмен
Роден(а)30 март 1964(1964-03-30)(60 г.)
ПотеклоКливленд, Охајо, САД
ЖанровиФолк, блуз, алтернативен рок
Занимањапејач-текстописец, музичар
ИнструментиВокал, гитара, хармоника
Период на активност1988–денес

Трејси Чепмен (родена на 30 март 1964) е американска пејачка-текстописец, најпозната со нејзините синглови “Fast Car”, Talkin' 'bout a Revolution”, Baby Can I Hold You” и Give Me One Reason”. Таа е мулти-платинест изведувач и е четири пати Греми наградена.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена во Кливленд, Охајо, Трејси Чепмен започнува да свири гитара и да пишува песни на единаесет годишна возраст. Примена е во „Подобра Шанса“ (A Better Chance), национален ресурс за идентифицирање, регрутирање и развој на водачи меѓу обоените надарени академски студенти, што на неа и овозможил да учи во Вудстер Скул во Конектикат и на крај е примена во Туфтс Универзитетот во Медфорд, Масачусетс.

Во мај 2004 Универзитетот Туфтс ја назначува за Почесен Доктор на Уметност за нејзиниот придонес како социално свесен и уметнички докажан музичар.

Чепмен често настапува на добротвори пргоди против СИДА како amfAR(Американска Фондација за СИДА истражување) и AIDS/LifeCycle.

Иако Чепмен никогаш јавно не расправала за нејзината сексуална определба, Писателката наградена со Пулицер, Алис Вокер расправа за нејзината љубовна врска со Чепмен во интервју за Гадриан на 15 декември 2006. Таа разјаснува зошто не ја обелодениле нивната врска тоа време (средината на ’90-тите), и вели „Врската беше слатка и прекрасна и јас комплетно уживав во неа и бев сосем вљубена, но тоа беше само наша работа и на никој друг“.

Кариера[уреди | уреди извор]

За време на студиите, Чепмен започнува да свири гитара по улиците и кафетериите во Кембриџ, Масачусетс. По дипломирањето, подпишува договор со Електра Рекордс и го издава Tracy Chapman албумот во 1988. Критиката го прифаќа албумот и таа започнува турнеја, После настапот на концертот во чест на 70тиот роденден на Нелсон Мандела, пренесуван на телевизија во јуни 1988, песната “Fast Car” на Чепмен започна издигнување по американските топ листи, станувајќи Топ 10 поп хит на Billboard Hot 100. Следи “Talkin’ ‘bout a Revolution” на 75то место по кое следува “Baby Can I Hold You” кое се искачи до 48то место. Продажбата на албумоти оди добро преминувајќи во мулти-платинест и е награден со три Греми Награди, како и награда на Чепмен за Најдобар Нов Изведувач. Подоцна во 1988, Чапмен е дел од светската турнеја на Амнести Интернешнал, Човекови Права Сега! Следниот албум Crossroads(1989) е со послаб комерцијален успех, сепак е прфатен од критиката и станува платинест. До 1992 албумот Matters of the Heart, Чепмен го изведува пред мала и посветена публика. Додека четвртиот албум New Beginning од 1995 се покажува како успех продавајќи 3 милиони копии само во Америка. Во овој албум се наоѓа хитот “Give Me One Reason” кој во 1997 доби Греми за Најдобра Рок Песна и стана најуспешниот сингл на Чепмен до денес. Следи албумот Telling Stories од 2000, во кој се вклучени повеќе рок од колку фолк звуци. Синглот “Telling Stories” масовно е пуштан по европските радио станици. Нејзиниот шетти албум Let It Rain од 2002 е основа за нејзината турнеја низ Европа и Аметика во 2003. Where You Live, е седмиот студијски албум на Чепмен издаден во септември 2005. Мала кратка турнеја следи низ поголемите градови низ Америка во октомври и следи во Европа до крајот на годината. Турнејата “Where You Live” е продолжена и следната 2006 година, со 28 дати имајќи летни концерти во Германја, Италија, Франција, Шведска, Норвешка, Велика Британија, Русија и други.

Бенд[уреди | уреди извор]

Од летото 2006:

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]