Тошихиде Маскава

Од Википедија — слободната енциклопедија
益川 敏英
Тошихиде Маскава
Роден(а)7 февруари 1940(1940-02-07)(84 г.)
Нагоја, Јапонија
ЖивеалиштеЈапонија
НационалностЈапонец
ПолињаВисокоенергетска физика (теорија)
УстановиНагојски универзитет
Кјотски универзитет
Кјото Сангиовски универзитет
ОбразованиеНагојски универзитет
Докторски менторШоичи Саката
Познат поработа на нарушување на CP симетријата
ККМ-матрица
Поважни наградиСакурајова награда (1985)
Јапонска академска награда (1985)
Ашајова награда (1995)
Нобелова награда за физика (2008)

Тошихиде Маскава (јапонски: 益川 敏英, р. 7 февруари 1940 во Нагоја, Јапонија) — јапонски теориски физичар познат по неговата работа на нарушувањето на CP симетријата кој бил награден со една четвритина од Нобеловата награда за физика „за откривањето на потеклото на нарушената симетрија која го предвидува постоењето на најмалку три семејства на кваркови во природата.“[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Родум од Ајчи, Маскава дипломирал на Нагојскиот универзитет во 1962 година и го стекнал својот докторат во 1962 година и докторат по физика на елементарните честички од истиот универзитет во 1967 година. На Кјотскиот универзитет во раните 1970-и, тој соработувал со Макото Кобајаши за објаснувањето на (нарушувањето на CP симетријата) во стандардниот модел за физиката на елементарните честички. Маскава и Кобајашиевата теорија имала потреба од постоење на најмалку три семејства на кваркови, предвидување кое било потврдено четири години подоцна со откривањето на длабинскиот кварк.

Кобајаши и Маскавовиот натпис, „Нарушување на CP-симетријата во ренормализационата теорија на слабото заемодејство“,[2] објавен во 1973 година, и е четврт најнаведуван високоенергетски физички труд на сите времиња од почетокот на 2010 година.[3] ККМ-матрица, која ги определува мешачките параметри меѓу кварковите е резултат на овој труд. Кобајаши Маскава биле наградени со половина од Нобеловата награда за физика за својата работа во 2008 година, додека остатокот му бил доделен на Јојчиро Намбу.[1]

Маскава бил директор на Јукавскиот институт за теориска физика од 1997 до 2003 година.[4] Денес тој е специјален професор и директор на Кобајаши-Маскавскиот институт за потеклото на честичките и универзумот при Нагојскиот универзитет[1] Архивирано на 22 јули 2011 г., директор на Масакавскиот институт за наука и култура при Кјото Сангиовскиот универзитет[2][мртва врска] и професор во пензија на Кјотскиот универзитет .

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Nobel Prize in Physics 2008“. The Nobel Foundation. Посетено на 2009-10-17.
  2. M. Kobayashi, T. Maskawa (1973). „CP-Violation in the Renormalizable Theory of Weak Interaction“. Progress of Theoretical Physics. 49 (2): 652–657. Bibcode:1973PThPh..49..652K. doi:10.1143/PTP.49.652.
  3. „Top Cited Articles of All Time (2010 edition)“. SLAC. 2009. Посетено на 2014-06-21.
  4. „History of YITP“. Yukawa Institute for Theoretical Physics.