Сулејман II

Од Википедија — слободната енциклопедија
   Сулејман II
Отомански султан
Калиф
Владеење1687 – 1691
ПериодЗастој на Отоманското Царство
Полно имеСулејман II
ПретходникМехмед IV
НаследникАхмед II
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Сулејман II (15 април 1642 во Цариград - 23 јуни 1691 во Одрин) бил дваесеттиот султан Отоманското Царство кој владееле во периодот од 1687 до 1691 година. Бил син на Ибрахим I. Починал во Едрене од хидропиза во 1691 година.

Како помал брат на Мехмед IV (1648–87), Сулејман е роден во Топкапи-сарај во Цариград и поголемиот дел од својот живот го поминал во затвор (кафез), место во Топкапи-сарај каде ги држеле османлиските принцови за да не организираат бунтови против власта. Негова мајка била србинката Катерина[1], која по примањето на силамот го добила името Салиха Дилашуб султан.

На отоманскиот престол се искачил како резултат на јаничарскиот бунт, кој довел до соборување на Мехмед IV. Сулејман бил многу религиозна личност и времето го минувал во молитва, а со јавниот живот на империјата се занимавале големите везири. Најпознатиот од нив бил Фазил Мустафа Копрулу (од 1689).

Веднаш по преземањето на престолот, Османлиите претрпе катастрофален пораз во втората Мохачка битка, а по ова следувал и голмиот пораз во Кримскиот поход од страна на Русија. Продолжила војната со Светата Лига, австриската војска го зазела Белград во 1688, а потоа ја окупирала Босна. Во Битката кај Сланкамен во 1691 година во Србија Османлиите повторно доживеале пораз.

Во текот на неговото владеење, везирот Мустафа Паша ја реорганизирал војската со помош на татарската армија. На почетокот на 1689 година, офанзивата на австриската војска била запрена и во 1690 година Турците повторно го зазеле Белград.

Сулејман II починал во Едрене палата во 1691 година. Тој се оженил со Хатиџе Муазез султан која го родила идниот Ахмед II.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ali Kemal Meram, Padişah Anaları: Resimli Belgesel Tarih Romanı, Öz Yayınları, 1977, p. 325.