Стево Црвенковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стево Црвенковски
Министер за надворешни работи на Република Македонија
На должноста
9 февруари 1993 – 23 февруари 1996
Лични податоци
Роден(а) 18 март 1947
Скопје, НР Македонија ФНРЈ
Починал(а) 4 февруари 2004
Националност Македонец
Партија Сојуз на реформски сили на Македонија, Либерална партија

Стево Црвенковски (18 март 1947 во Скопје - 4 февруари 2004 во Скопје) — македонски режисер, политичар и Министер за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 1996 година.

Црвенковски дипломирал на Академијата за драма, филм, радио и телевизија во Белград во 1973 година. Работел и твори како филмски автор во „Вардар филм“.

Во 2002 година бил избран за потпретседател на Владата на Република Македонија. Најзначајната негова активност во оваа сфера е раководењето со македонската дипломатија, во критичните моменти на меѓународното признавање и афирмацијата на новата македонска држава, меѓу 1993 до 1996 година. По ова работел и како советник на тогашниот претседател Киро Глигоров.

Во 1997 година станал амбасадор на Република Македонија во Лондон[1].

Филмови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]