Салмонела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Американска Администрација за храна и лекови врши научни тестови за присуство наSalmonella

Салмонелите се стапчевидни бактерии кои припаѓаат на родот Salmonella. Тие се приближно 0,7 до 1,5 микрони во пречник со должина од околу 2 до 5 микрони, грамнегативни, многу подвижни, перитрихозно-флагелатни, факултативно анаеробни и хемоорганотрофни бактерии со оксидативен и ферментативен енергетски метаболизам. Не формираат спори. Овој род припаѓа во фамилијата на ентеробактерии. Блиски се со родот Escherichia. Се среќаваат насекаде во светот во ладно- и топлокрвните животни, луѓето, и животната средина. Кај луѓето и животните предизвикуваат многу болести.

Жозеф Лињиер го именувал овој род во 1900 година по американскиот ветеринар Даниел Елмер Салмон.