Роберт Браунинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Браунинг
Роберт Браунинг ц. 1888
Роден/а7 мај 1812
Кембервел, Лондон, Англија
Починат/а12 декември 1889(1889-12-12) (возр. 77)
Венеција, Италија
Занимањепоет
Значајни делаПрстенот и книгата, Мажи и жени
Потпис

Роберт Браунинг англиски: Robert Browning (7 мај 1812, Лондон, Англија - 12 декември 1889, Венеција, Италија) — англиски поет[1].

Дела[уреди | уреди извор]

Неговите дела вклучуваат драми како: „Пипа Паси“ (1841) и долги поеми, вклучувајќи го и „Сордело“ (1840)[2]. Додека бил женет (1846-61) со Елизабет Барет Браунинг[3], во Италија, го напишал делото „Мажи и жени“ (1855), кое содржи драматична лирика како „Љубов меѓу руини“ и монолози како што се „Фра Липо Липи“ и „Извинувањето на епископот“, „Драматична личност“ (1864), како и „Рабинот бен Езра“ и „Калибаци над Сетебоси“, на крај му донеле голема популарност. Неговата книга „Прстенот и книгата“ (1896-69)[4] е заснована на судски процес за убиство во Рим.

Влијание и стил на пишување[уреди | уреди извор]

Браунинг влијаел на многу модерни поети преку својот драматичен монолог[5] (со посебно внимание на поединечната психологија) и преку своето успешно пишување за различни теми од модерниот живот со јазик, кој за современците често бил тежок за разбирање.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Browning, British poet
  2. Robert Browning Biography
  3. Poetry Foundation
  4. The Ring and the Book
  5. Dramatic monologue

Надворешни врски[уреди | уреди извор]