Полуправа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полуправа како дел од права

Во геометријата, полуправа (зрак) се опишува како дел од права кој започнува во една точка од правата и продолжува непрекинато по правата во една од двете насоки кои таа точка ги определува.[1][2][3]

  • Во Евклидовата геометрија, за две различни точки А и В, постои една единствена полуправа со почетна точка А, која поминува низ B (па потоа продолжува бескрајно во таа насока). Истата се означува со , а поретко и со   или  .
  • Полуправата е еднодимензионален објект, т.е. има должина, но нема ниту ширина ниту висина.
  • Полуправата има само една крајна точка (теме кое се смета за почеток), па затоа нема одредена должина, односно има бескрајна должина.

Забелешки[уреди | уреди извор]

Најчесто се користи поимот полуправа во следниве објаснувања.

  • Секоја точка А на една права ја дели правата во две полуправи.
  • Нека А и В се две различни точки. Пресекот на полуправите и е отсечката  .
  • Две посебни полуправи    и    со иста почетна точка определуваат агол.
  • Бројна оска е (единствената) права во еднодимензионален реален простор, а секоја полуправа на неа е решение на линеарна неравенка со една непозната. (На пример, неравенката геометриски се претставува со отворена полуправа која почнува во и продолжува бескрајно надесно.)

Параметарски облик на полуправа во тридимензионален простор[уреди | уреди извор]

Нека се дадени две точки . Параметарскиот облик на полуправата со почеток во А, и која поминува низ В е ограничување на параметарскиот облик на правата низ А и В за , односно

   каде  ,    .

Наводи[уреди | уреди извор]

Дргуи наводи[уреди | уреди извор]

Поврзани теми[уреди | уреди извор]