Поликарп Куш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поликарп Куш
Роден(а)26 јануари 1911(1911-01-26)
Бланкенбург, Војводство Брауншвајг, Германско Царство
Починал(а)20 март 1993(1993-03-20) (возр. 82)
Далас, Тексас, САД
НационалностГерманија Германец
УстановиТексашки универзитет (Далас)
Колумбиски универзитет
ОбразованиеИлинојски универзитет, Западен резервен универзитет Кејс
Докторски менторФранцис Вилер Лумис
Значајни студентиГордон Гулд
Познат поГо измерил магнетниот момент на електронот
Поважни наградиНобелова награда за физика (1955)
Куш изведува експеримент во неговата работилница.

Поликарп Куш (германски: Polykarp Kusch 26 јануари 1911 - 20 март 1993) — германско-американски физичар. Во 1955 бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Вилис Јуџин Лем за нивната прецизна определба дека магнетниот момент на електронот е поголем од неговата теоретска вредност, ова довело до повторно разгледување и иновирање на квантната електродинамика.

Тој во 1931 ја добил својата диплома по физика од Западниот резервен универзитет Кејс. На Илинојскиот универзитет магистрирал во 1933 и станал доктор на филозофија во 1936. Поголемиот дел од својата кариера го поминал како професор во Колумбискиот универзитет во Њујорк и работел како академски администратор неколку години пред да замине во новоизградениот Тексашки универзитет во Далас. Работел на резонанцијата на молекукларните зраци под раководство на Исидор Ајзек Раби, тогаш го открил електронскиот аномален магнетен момент. Следеле многу мерења на магнетните моменти и хиперфината структура. Тој се заинтересирал и за хемиската физика и продолжил да објавува истражувања за молекуларните зраци. За време на неговиот мандат во Колумбија, тој му бил докторски надзорник, ментор, на Гордон Гулд, пронаоѓачот на ласерот.

Станбен дом за студенти на дипломски студии во Западниот резервен универзитет Кејс во Кливленд, Охајо на јужниот кампус е именуван по Д-рКуш. Градбата е именувана „Кушова куќа“. Се наоѓа на карлтоновиот пат на кливлендската висорамнина.

Професорот Куш се оженил со Едит Стар МекРобертс и заедно имале три ќерки. Неговата жена починала во 1959 и се оженил со Бети Пецони во 1960. Поликарп Куш починал на 20 март 1993.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]