Патриша Аркет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патриша Аркет
Аркет во 2015
Роден(а)8 април 1968(1968-04-08)(56 г.)
Чикаго, Илиноис, САД
Занимањеглумица
Активен период1987–сè уште
СопружникНиколас Кејџ (в. 1995; раз. 2001)
Томас Џејн (в. 2006; раз. 2011)
Деца2
РодителиЛуис Аркет (татко)
Роднини

Патриша Аркет (англиски: Patricia Arquette) — американска филмска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Аркет потекнува од актерско семејство: сите нејзини браќа и сестри се занимавале со глума, а двајца од нив, сестрата Росана и братот Дејвид, се здобиле и со поширока слава. На дваесетгодишна возраст, Аркет го родила синот Енцо, а со неговиот татко се разделила само еден месец по породувањето. На возраст од 27 години, таа се омажила за Николас Кејџ, но шест години подоцна бракот завршил со развод. Во 2006 година се омажила по вторпат, овојпат за глумецот Томас Џејн, но и тој брак завршил со развод во 2011 година. Од таа врска, Аркет ја има ќерката Харлоу.

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Пошироката популарност Аркет ја постигнала со филмовите: „Вистинска романса“, „Ед Вуд“, „Флертувајќи со катастрофата“, „Изгубен автопат“ и „Стигмата“. Во 2015 година, Аркет ја добила наградата „Оскар“ во категоријата „најдобра женска споредна улога“, за улогата на самохраната мајка Оливија во филмот „Детство“. Притоа, при врачувањето на наградата, таа изјавила: „Досега се боревме за сечија еднаквост. Сега доаѓа нашето време, еднаш и засекогаш да бидеме платени еднакво како мажите.“

Покрај на филмот, Аркет настапувала и во телевизиски серии. Така, во текот на седум сезони таа ја играла улогата на видовитата жена Алисон Дубоа во серијата „Медиум“ и за таа улога била наградена со „Еми“. Од 2015 година, таа игра главна улога во серијата „Истрага на местото на злосторството: Сајбер“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Ако не родев дете на 20 години, ќе немав богата кариера“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]