Овој папа е најмногу познат поради започнувањето на Првата крстоносна војна. Урбан II организирал грандиозен црковен собор во 1095 година во градот Клермон (Франција), каде тој ги повикал христијаните на поход кон Светата земја (Ерусалим) сè со цел да биде ослободен гробот на Исус Христос, при кое обеќал простување на учесниците и нивните гревови. Неговата реченица била пречекана со големи религиозни воудушевувања од страна на француските и германските земји. Урбан II починал 14 денови по зазимањето на Ерусалим, но пред оваа вест да пристигне во Италија. Негов наследник на папскиот престол бил Паскал II.